Цени
Цените се за 9 ноќевања, наем по лице со вклучен превоз
Термин | Тип соба | Редовна по лице | со попуст |
13.06-22.06 | 1/5 1/4 1/3 1/2 |
159€ 169€ |
109€ 119€ |
22.06-01.07 | 1/5 1/4 1/3 1/2 |
179€ 189€ |
119€ 129€ |
02.09-11.09 | 1/5 1/4 1/3 1/2 |
159€ 179€ |
129€ 139€ |
11.09 – 20.09 | 1/5 1/4 1/3 1/2 |
139€ 159€ |
99€ 109€ |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Важно:
Со уплата и резервација на аранжманот, патникот е согласен и ги прифаќа условите за патување кои ќе важат во моментот на реализација на патувањето, односно мерките кои тогаш ќе бидат поставени од Република Грција и Македонија.
Странките кои ќе го искористат КОВИД ваучерот, ги прифаќаат сите услови и доколку не можат да патуваат должни се да ја известат агенцијата најдоцна 15 дена пред реализација на патувањето. Вo случај да не се патува, ваучерот пропаѓа и не постои можност да се продолжи неговата важност.
Во цената Е вклучено:
9 ноќевања во една од избраните вили, остров Кефалонија
Автобуски превоз на дадената релација
Туристички придружник за време на патувањето
Во цената НЕ Е вклучено:
Задолжителна доплата за траект 25 евра по лице (повратен) се плаќа во автобус
Задолжително патничко осигурување 400 денари по лице
Задолжителна доплата на туристичка такса 0.50 центи по соба од ден (се плаќа во автобус)
Плаќање за деца:
Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
Дете од 3 до 12 години плаќаат 50% од сумата доколку се сместени со две возрасни лица
Напомени:
Цените се однесуваат на едно лице за 9 ноќевања во една од избраните вили, автобуски превоз
Задолжителна доплата за траект во двата правци 25 евра по лице – се плаќа во автобус
Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 0.50 центи по соба на ден.
Патничко осигурување (400 денари за целиот престој) може да се купи и во агенцијата, но мора да се донесе потврда дека постои.
Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
Доплата за клима 5 евра од ден по желба
Агенцијата не гарантира за брзината и квалитетот на интернетот во вилите
Со оваа програма Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
Важни информации:
Прием на собите прев ден после 14:00 по локално време време
Напуштање на собите последен ден до 09:00 ч. по локално време.
Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж.
Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
Вилите имаат интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот
Превоз
Програма на патување:
Тргнување во Скопје според дадениот датум во вечерните часови. Следува возење и попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Килини од каде се качуваме на траект до Порос. Сместување во апартманите. За време на престојот во Кефалонија ќе има организирани програми: посети на најубавите плажи, ноќни забави, посета на пештери и крстарења. Последниот ден од престојот во најавено време одјавување од апармтаните и враќање во Македонија.
Опис
Вила Македонија е сместена на околу 40 метри од плажата и главниот плоштад на Порос во првата уличка.
Се состои од двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни апартмани.
Сите соби имаат кујна со прибор за соодветниот број на лица и тераса.
Вилата се наоѓа на околу 270 метри или 3 минути од најблискиот базен, кој е достапен за гостите со конзумација.
Вилата има безжичен интернет и клима уред за чие користење со доплатува по желба на лице место.
Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот
Важни информации
Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во туристичката агенција, која и нема надлежност да ја цени исправноста на патни документи и здравствено патничко осигурување. (обврската е Ваша)
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи и багаж
Сликите кои се објавени на нашата веб-страница www.old.turist.com.mk се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените.
Нашата веб-страница www.old.turist.com.mk е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени.
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 3 години во легло со родител.
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.
Кефалонија
Кефалонија е најголемиот остров од групите Јонски острови. Името го добило според својот изглед (остров со глава) – кефало на грчки значи глава. Интересната историја најдобро ја опишал Луис де Бернијер во својот бестселер “Мандолината на капетанот Корели”. Истоимениот филм со познатите Николас Кејџ и Пенелопе Круз во главните улоги го прославил овој остров ширум светот. Кефалонија има околу 250 километри долга плажа, а најпознатата е во заливот Митрос, која е една од петте најубави плажи во целиот Медитеран. Островот се состои од два поврзани дела, источен и западен помеѓу кои се наоѓа заливот Аргостоли.
Плажа Миртос
Се вели дека не сте биле на Кефалонија ако не сте го посетиле ова место. Заштитниот знак на островот и една од најсликовитите плажи во Грција. Водата е нереално бистра и се гледа буквално секое камче на дното. Плажата е огромна и колку и да има туристи, можете да си најдете место за себе.
Скала
Скала е едно од најпосетуваните места на Кефалонија, а како не би било кога тука имате буквално се што ви треба за да имате совршен одмор: уредени долги плажи, ресторани, барови, таверни и тоа што е најважно, мирисот на морето. Плажата е мешана со ситни камчиња и песок.