Цени
Цените се на ден за лице – услуга по избор
сместување | Ноќевање со појадок | Полупансион | Полн пансион |
Еднокреветна соба | 34,00 € | 39,50 € | 45,20 € |
Двокреветна соба | 25,50 € | 31,50 € | 37,60 € |
Еднокреветен апартман | 51,00 € | 57,20 € | 63,20 € |
Двокреветен апартман | 34,00 € | 40,00 € | 46,00 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Цените се по лице на ден, услуга по избор:
Појадок и вечера-шведска маса ( доколку во хотелот има повеќе од 10 лица. Во спротивно се служи сет мени.
Услови за деца во придужба на 2 возрасни платежни лица:
Дете до 6 години бесплатно сметување
Деца 7-12 години 50% попуст
Дополнителен кревет 70% од цената
Туристичка такса на ден НЕ Е вклучена се плаќа на рецепција
120 РСД возрасен, 60 РСД за дете7-15 години , деца до 6 годни не плаќаат такса
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко/здравствено осигурување
Туристичка такса
Неспомнати услуги
Услови за индивидуални туристи кои патуваат со сопствен превоз:
Прием на собата првиот ден по 14:00 часот.
Последниот ден, напуштање на собата најдоцна до 10:00 часот.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
Хотел
Новоизградениот хотел 3*, кој започна со работа кон крајот на октомври 2014 година.
Лоциран во центарот на Врњачка Бања во близина на тремоминералната бања.
Хотелот има 23 модерни сместувачки единици (еднокреветни, двокреветни соби и апартмани).
2 апартмани (спална соба со брачен кревет 160×200 и дневна соба со дополнителен кревет)
8 соби со брачен кревет (160×200)
13 двокреветни соби со разделени кревети (100×200)
Секоја сместувачка единица е опремена со сателитска телевизија, мини бар (со доплата), клима уред и безжичен интернет.
Има сопствен паркинг, лифт, ресторан и аперитив бар, конференциската сала до 80 места
Хотелот има многу атрактивна локација, бидејќи е само неколку минути пешачење од централниот парк Врњачка, шеталиштето, замокот Белимарковиќ, минерални извори…
Врњачка бања
Врњачка Бања е најголемото и најпознатото бањско одморалиште во Србија и пошироко и атрактивен туристички центар за одмор и рекреација.
Таа е и најпопуларна туристички дестинации во Србија.
Затоа, таа со право го носи ласкавиот епитет „Кралица на туризмот“.
Се наоѓа во областа Рашка, на надморска височина од 227м , сместена помеѓу планината Гоц и реката Западна Морава.
Во близина се бројни културно-историски споменици, како што се манастирите Жича, Студеница, Градац, како и средновековните градови Маглиќ, Рас …
Во бањата има многу паркови и патеки за пешачење, а вљубените парови можат да го искористат својот престој за да ја врзат својата љубов на Мостот на љубовта. Исто така, тука се одржуваат бројни настани и фестивали, како што се Летниот филмски фестивал, карневалот …
Бањата се наоѓа во централна Србија, околу 200 км јужно од Белград.
Влијанието на блиските планини на микроклимата на Врњачка Бања и дава посебен карактер и ја прави многу пријатна. Летата се умерено топли со свежи утра и вечери, а зимите се снежни и без силни мразови. Просечната годишна температура е 10,5°C, а просечната летна температура е 20°C.
Познат по минералната вода „Врњци“, името Врњици често се споменува наместо Врњачка бања. Голем избор на вили, апартмани, приватно сместување и пансиони ja прават овaa бањa најпосетуваната туристичка дестинација во Србија.
Позната по лековитите води и експерти во третманот на дијабетес и органите за варење, Врњачка Бања е центар со најсовремена медицинска услуга за превенција, третман, дијагностика и рехабилитација на органите за варење и дијабетес.
Врњачка Бања има седум познати минерални извори: Снешник, Слатина, Топла Вода, Jezезеро, Борјак, Бели извор и Врњачко врело, од кои четири се користат за балнеолошка терапија (Снешник, Слатина, Топла Вода и Jezезеро), додека два се флашираат како минерална вода (Вода Врњци, од изворот Топла вода и Врњачко извор).
Врњачка бања е идеална дестинација во секое време од годината.