Цени 2024
Вонсезонски цени
Цените во табелата се за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (задолжително плаќаат 4 лица дуплекс)
Термин | 1/4 дуплекс | 1/4 дуплекс | 1/4 дуплекс |
19/05-26/05 | 79 | 89 | 89 |
26/05-02/06 | 89 | 99 | 99 |
02/06-09/06 | 99 | 109 | 109 |
09/06-16/06 | 119 | 129 | 139 |
16/06-23/06 | 129 | 139 | 149 |
23/06-30/06 | 149 | 159 | 169 |
апартмани бр. А1 и B1 | апартман бр. B2 | апартман бр. А2 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
задолжително плаќаат 4 лица
Сезонски цени
Цените во табелата се за наем на дуплекс апартман за 7 ноќевања без превоз
Термин | 1/4 дуплекс (задолжително плаќаат 4 лица) | 1/4 дуплекс (задолжително плаќаат 4 лица) | 1/4 дуплекс (задолжително плаќаат 4 лица) |
30/06-07/07 | 649 | 679 | 729 |
07/07-14/07 | 689 | 729 | 769 |
14/07-21/07 | 749 | 779 | 829 |
21/07-28/07 | 749 | 779 | 829 |
28/07-04/08 | 749 | 779 | 829 |
04/08-11/08 | 749 | 779 | 829 |
11/08-18/08 | 749 | 779 | 829 |
18/08-25/08 | 749 | 779 | 829 |
25/08-01/09 | 699 | 739 | 779 |
апартмани бр. А1 и B1 | апартман бр. B2 | апартман бр. А2 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
задолжително плаќаат 4 лица
Вонсезонски цени
Цените во табелата се за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (задолжително плаќаат 4 лица дуплекс)
Термин | 1/4 дуплекс (задолжително плаќаат 4 лица) | 1/4 дуплекс (задолжително плаќаат 4 лица) | 1/4 дуплекс (задолжително плаќаат 4 лица) |
01/09-08/09 | 139 | 149 | 159 |
08/09-15/09 | 119 | 129 | 139 |
15/09-22/09 | 89 | 99 | 109 |
22/09-29/09 | 79 | 89 | 89 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
задолжително плаќаат 4 лица
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење клима уред
Користење безжичен интернет
Автобуски превоз (вон сезона)
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз (во сезона)
Патничко осигурување
Туристичка такса 1,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)
Напомена:
Услови за разервација:
Уплата 30% од износот на аранжманот
Доплата најдоцна 14 дена пред почетната дата.
Информации…
Сместување е согласно капацитетот на кревети
Сместување во собите е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите е до 10 часот (локално време)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см
Превоз
Возрасни
3.100 мкд. (50€) – повратна
2.480 мкд. (40€) – еден правец
Деца до 12 години
2.480 мкд. (40€) – повратна
2.170 мкд. (35€) – еден правец
Деца до 1,99 г. бесплатно, без седиште
Blue and White
Куќата е лоцирана во помирниот дел на Неа Флогита, на само 150 метри од плажа и 100 метри од центарот.
Има 4 високо квалитетни четирикреветни дуплекс апартмани на прв кат.
Во секој апартман има комплетно опремена кујна, телевизор, тоалет, безжичен интернет, клима уред, пешкири, големи тераси.
Паркинг обезбеден пред куќата.
Во близина на куќата има пазар на 50 метри, пекара на 200 метри додека најблискиот голем супермаркет е оддалечен на 150 метри.
Неа Флогита е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.
Соби
Апартман 1/4 дуплекс бр А1
1/4 дуплекс апартман бр. А1 – прв кат.
Располага со комплетно опремена кујна, 2 спални соби, тоалет, тераса со поглед на улица, телевизор, интернет.
Во првата спална има брачен кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла.
Има можност да се додаде креветче за бебе.
Апартман 1/4 дуплекс бр А2
1/4+1 дуплекс апартман бр. А2 – прв кат.
Располага со 2 спални соби со посебни оделени влезови во истите, а внатре поврзани со комплетно опремена заедничка кујна и тоалет, голема тераса со поглед на море, телевизор, интернет.
Во првата спална соба има брачен кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла.
Има можност да се додаде дополнително легло како и креветче за бебе.
Апартман 1/4 дуплекс бр В1
1/4 дуплекс апартман бр. B1 – први кат.
Има комплетно опремена кујна, 2 спални соби, тоалет, тераса со поглед кон двор, телевизор, интернет.
Во првата спална има брачен кревет за 2 лица, а во другата соба има две стандардни легла.
Има можност да се додаде креветче за бебе.
Апартман 1/4+1 дуплекс бр. B2
1/4+1 дуплекс апартман бр. B2 – прв кат.
Има 2 спални соби со посебни оделени влезови во истите, а внатре поврзани со комплетно опремена заедничка кујна и тоалет, голема тераса со поглед кон двор, телевизор, интернет.
Во првата спална има брачен кревет за 2 лица, а во втората соба има две стандардни легла.
Има можност да се додаде дополнително легло како и креветче за бебе.
ГПС
40.25894, 23.21992
Важни информации
За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ.
Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во вонсезонските цени во дуплекс апартман, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице сесместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се не валидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Туристичката агенција НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во Туристичката агенција поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
А тие се:
– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.