TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Ameli

Достапни соби

Не се пронајдени соби
Вила
ГРЦИЈА
Лептокарија
7 ноќи

Цени 2024

 

Цените е за НАЕМ на студио за 8 дена 7 ноќевања ( без превоз )

Термин 1/2 студио 1/3 студио 1/4 студио
25.05.-01.06.24 89.00 109.00 129.00
01.06.-08.06.24 139.00 159.00 179.00
08.06.-15.06.24 179.00 189.00 199.00
15.06.-22.06.24 209.00 229.00 249.00
22.06.-29.06.24 249.00 269.00 289.00
29.06.-06.07.24 289.00 309.00 329.00
06.07.-13.07.24 329.00 349.00 369.00
13.07.-20.07.24 349.00 369.00 399.00
20.07.-27.07.24 389.00 399.00 419.00
27.07.-03.08.24 399.00 419.00 439.00
03.08.-10.08.24 399.00 419.00 439.00
10.08.-17.08.24 399.00 419.00 439.00
17.08.-24.08.24 379.00 389.00 419.00
24.08.-31.08.24 349.00 359.00 379.00
31.08.-07.09.24 299.00 319.00 339.00
07.09.-14.09.24 269.00 289.00 319.00
14.09-21.09.24 199.00 219.00 239.00

Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Во цената Е вклучено:
7 ноќевања во студио
Безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Доплата за клима уред  € на ден (се плаќа во вилата)
Туристичка такса 1,50 евра на ден за соба (се плаќа во објектот)

Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст (попустот важи само за редовни цени)
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 115-160см со 180-190см

Превоз

Напомена:
во зависност од бројот на патници наизменично можно е превозот да оди и преку Меџитлија и преку Евзони

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање:

Град – место поаѓање возрасен дете 2-12 г
 Скопје – Дрводекор 04:00 45 € 35 €
 Велес – БП Макпетрол-кружен тек 04:30 45 € 35 €
 Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03:40 60 € 50 €
 Неготино – бензинска, Неготино 05:00 45 € 35 €
 Граничен премин – бензинска Шимов 06:00 45 € 35 €
 Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04:00 40 € 30 €
 Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03:15 40 € 30 €
 Струга – Хотел Дрим 02:15 50 € 40 €
 Охрид – БП Лук Оил излез Битола 02:30 50 € 40 €
 Ресен – Автобуска станица 03;15 50 € 40 €

Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

Грчко време Македонско време Летовалиште
13;30 12;30 Неи Пори
14;00 13;00 Лептокарија
14;50 13;50 Паралија

ТА ТУРИСТ го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во  во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%

Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето
Поради густиот сообраќај во летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

40.060311507953905, 22.56584417357637

 

ГПС линк

Вила Ameli

 

Вила Амели се наоѓа во централниот дел на Лептокарија, 150 метри од плажа.
Во понудата на вила Амели се двокреветни и трикреветни студија.
Сите студија имаат основно опремена кујна, тоалет, тераса, телевизор, клима уред ( со доплата )

Градската плажа е долга околу 5 км и има Сино знаме, што зборува за чистотата и квалитетот на водата.
Со нарачан пијалок во кое било од многуте кафулиња, туристите добиваат чадор и лежалка..

Плажата Скотинас се наоѓа на 5 км од Лептокарија и е особено интересна за семејства со деца.
Молос плажата е на околу 2 км од одморалиштето.
Има спортски терени каде исто можете да се забавувате, играте..

 

Лептокарија

 

Лептокарија (село од лешник) се наоѓа во подножјето на планината Олимп, на околу 100 км од Солун.
Се смета за едно од најубавите одморалишта во Грција.
Шеталиштето, топлото море и прекрасната песочна плажа се само дел од привлечностите на Лептокарија.

Местото е идеално за семејства со деца, за оние кои сакаат вистински одмор, и за млади кои сакаат добра забава.
Многу продавници, таверни, кафулиња, ресторани, бутици и летна врева се печат на Лептокарија.
Местото има многу игралишта, забавни паркови, како и огромен парк со детски активности, лулашки….

Секоја вечер кружат два воза низ Лептокарија, кои по релативно ниски цени ги носат туристите на обиколка. Главната улица е исто така главното шеталиштето каде има многу кафулиња, ресторани.
За оние кои бараат и забава, има дискотеки и барови покрај плажата…

Цените се многу пониски од другите одморалишта.
Кафулињата и рестораните ги нудат своите специјалитети по многу пониски цени.
Сепак најевтин е пазарниот ден во вторник, каде освен свежо овошје и зеленчук….

Добра патна мрежа, ја поврзува Лептокарија со сите околни места што можете да ги посетите.
Местото има сè што му треба на еден град.

Лептокарија е едно од ретките одморалишта каде можете да пиете вода од чешма.
Интересно е што ноќе нема горштини како во други места бидејќи има влијание планината Олимп.

 

Информации

Во случај патникот да го откаже аранжманот:
– од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100% од аранжманот.
Напомена: 
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB)
или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс

Важат општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )

Политики на Ameli

Удобности

  • Безжичен интернет
  • Забрането пушење цигари
  • Под-плочки
  • Фрижидер

Оцени од гости (0 Оцени)

Пред  да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано.
Усни барања за резервации не се  прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, ([email protected]) ...
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777, 070 202 777, 070 307 999
или пишете на [email protected] за да ве информираме околу достапноста соби....
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата.
Потребно за валидна резервација:
Ваш е маил и телефони задолжително
Број возрасни
Број деца (задолжително возраст на децата)
Презиме и Име за сите учесници
Број на пасош за сите учесници
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници
Адреса на живеење за сите учесници
За кој објект/аранжман е резервацијата
дата ОД
ДО дата
избор на СОБА (со соодветен број легла)

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата,
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата,
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден.
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот.

Правила и услови за престој во објектот.
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин.
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот.
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот.
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време)
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до.
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет.
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф)
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот .
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот....
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање....
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета)
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот.
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример:
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл.
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл.
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено.
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено.
Отстранување и поместување на мебел од просториите.
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога...
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено.
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено.
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено.
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица.
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено .
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици.
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка.
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат.
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите

Услови за туристичката агенција и гостинот
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот)
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот.
Напомена:
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места.
 

ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува.
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора.
Патната исправа мора да биде потпишана.
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа.
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат.
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија.
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи.
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет.
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА:
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат.
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА:
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви.
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ:
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата.
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА:
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства.
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО:
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури.
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА:
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи  www.mfa.gov.mk 

Ameli Лептокарија, ГРЦИЈА

Ваша вкупна оцена за овој објект

Број на резервација

Пин код

Наслов на Вашата оцена

Ваша оцена

Каков вид на патување беше ова?

  • Бизнис
  • Парови
  • Семејство
  • Пријатели
  • Соло