Мебелот во собите е рачно изработен од висококвалитетно дрво.
Standard room
- Максимално гости:
- 2
- Максимален бр. на деца:
- 1
Мебелот во собите е рачно изработен од висококвалитетно дрво.
Мебелот во собите е рачно изработен од висококвалитетно дрво.
Мебелот во собите е рачно изработен од висококвалитетно дрво.
Мебелот на собите е рачно изработен од висококвалитетно дрво.
ЛЕТО 2024 – ЦЕНОВНИК ЗА СМЕНА (САБОТА-САБОТА)
Цените се за 1 лице за 7 полупансиони
Престој во термин: | DBL Economy (2+1) приземје |
DBL Standard (2+1) 1 и 2 кат |
DBL Standard (2+1+exb) 1 и 2 кат |
04.05. – 11.05.2024 | 214 | 242 | 242 |
11.05. – 18.05.2024 | 214 | 242 | 242 |
18.05. – 25.05.2024 | 214 | 242 | 242 |
25.05. – 01.06.2024 | 214 | 242 | 242 |
01.06. – 08.06.2024 | 214 | 242 | 242 |
08.06. – 15.06.2024 | 294 | 319 | 319 |
15.06. – 22.06.2024 | 294 | 319 | 319 |
22.06. – 29.06.2024 | 347 | 403 | 403 |
29.06. – 06.07.2024 | 347 | 403 | 403 |
06.07. – 13.07.2024 | 351 | 403 | 403 |
13.07. – 20.07.2024 | 375 | 417 | 417 |
20.07. – 27.07.2024 | 375 | 417 | 417 |
27.07. – 03.08.2024 | 375 | 417 | 417 |
03.08. – 10.08.2024 | 375 | 417 | 417 |
10.08. – 17.08.2024 | 375 | 417 | 417 |
17.08. – 24.08.2024 | 375 | 417 | 417 |
24.08. – 31.08.2024 | 294 | 319 | 319 |
31.08. – 07.09.2024 | 294 | 319 | 319 |
07.09. – 14.09.2024 | 294 | 319 | 319 |
14.09. – 21.09.2024 | 214 | 242 | 242 |
21.09. – 28.09.2024 | 214 | 242 | 242 |
28.09. – 05.10.2024 | 214 | 242 | 242 |
05.10. – 12.10.2024 | 214 | 242 | 242 |
ЛЕТО 2024 – ЦЕНОВНИК ЗА СМЕНА (НЕДЕЛА-НЕДЕЛА)
Цените се за 1 лице за 7 полупансиони
Престој во термин: | DBL Economy (2+1) приземје |
DBL Standard (2+1) 1 и 2 кат |
DBL Standard (2+1+exb) 1 и 2 кат |
05.05. – 12.05.2024 | 214 | 242 | 242 |
12.05. – 19.05.2024 | 214 | 242 | 242 |
19.05. – 26.05.2024 | 214 | 242 | 242 |
26.05. – 02.06.2024 | 214 | 242 | 242 |
02.06. – 09.06.2024 | 225 | 253 | 253 |
09.06. – 16.06.2024 | 294 | 319 | 319 |
16.06. – 23.06.2024 | 302 | 331 | 331 |
23.06. – 30.06.2024 | 347 | 403 | 403 |
30.06. – 07.07.2024 | 347 | 403 | 403 |
07.07. – 14.07.2024 | 351 | 405 | 405 |
14.07. – 21.07.2024 | 375 | 417 | 417 |
21.07. – 28.07.2024 | 375 | 417 | 417 |
28.07. – 04.08.2024 | 375 | 417 | 417 |
04.08. – 11.08.2024 | 375 | 417 | 417 |
11.08. – 18.08.2024 | 375 | 417 | 417 |
18.08. – 25.08.2024 | 363 | 403 | 403 |
25.08. – 01.09.2024 | 294 | 319 | 319 |
01.09. – 08.09.2024 | 294 | 319 | 319 |
08.09. – 15.09.2024 | 283 | 308 | 308 |
15.09. – 22.09.2024 | 214 | 242 | 242 |
22.09. – 29.09.2024 | 214 | 242 | 242 |
29.09. – 06.10.2024 | 214 | 242 | 242 |
06.10. – 13.10.2024 | 214 | 242 | 242 |
Цените се во €, се плаќа во денари, 1€ = 62 денари
ПОПУСТИ и ДОПЛАТИ:
За 1 дете од 0-11,99 г. -100%
За 2 дете 2-11,99 г. -50% (во 2+1+exb соба)
За 3 возрасен 12+ г. -30%
За 4 возрасен 12+ г. -50%
Доплата за дополнително дете 0-5.99 г. 100 € (во 2+1 или 2+1+exb соба)
Собите се наоѓаат во анекс зградата на хотелот – “Old Wing”
DBL GF (economy) на приземје | DBL 1F/2F (standard) на прв и втор кат
DBL (2+1): 1 брачен + 1 единечен кревети или 3 единечни кревети
DBL (2+2): 1 брачен + 1 единечен кревет + помошен кревет
Легенда: HB – полупансион (појадок и вечера)
Цените се дадени по лице, за сместување на минимум 2 возрасни лица во соба.
Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
При резервација e потребна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот-резервацијата.
Цената на аранжманот вклучува:
Сместување во избраниот хотел со услуга по избор според табелите, и тоа 7 полупансиони (појадок и вечера).
Цената на аранжманот НЕ вклучува:
Туристичка такса од 1,5€ на ден по соба се плаќа на рецепција по пристигнување (check in) во објектот.
Доплата за дополнително дете 0-5.99 години во соба – 100 € (7 полупансиони)
Можност за сместување како второ дете во 2+1 тип на соба или трето дете во 2+1+еxb тип на соба, со претходна најава во хотелот.
Превоз до местото на избраниот хотел во Грција (на барање, со доплата, може да се организира превоз до хотелите).
Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
Kористење лежалки и чадори на плажа не се вклучени во цена, освен ако е наведено поинаку во деталните описи на хотелот
Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
Важни напомени !
Согласно категоријата, собите во “Old Wing” делот се чистат еднаш неделно (пред пристигнување на гостите), за одржување на собите, сервисирање на опремата и дополнителни услуги, потребно е гостите да се обратат до рецепцијата на хотелот.
Редовните цени и цените со попуст, се објавени во ценовникот со важност до 30.09.2024 година, или до објава на нов ценовник.
При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ:
Цена на повратен автобуски превоз: 45 EUR по лице (35 € за деца 2-12 год.)
Во период од 25.05-28.09.2024 за смена (САБОТА-САБОТА)
Mеста и сатници на поаѓање:
– Скопје, во 06:00 ч. (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во 06:30 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Неготино, во 07:00 ч. (бензиска пумпа “Макпетрол”)
– Смоквица, во 07:30 ч. (бензиска пумпа “BWO петрол”)
– Гевгелија, во 08:00 ч. (бензиска пумпа, граничен премин)Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
– Превозот со автобус е до туристичката дестинација, до местото за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Избор на место за седење во автобус е можно, само со доплата од 10 € по патник, не вклучувајќи ги местата од првиот ред
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
DBL Ground Floor (economy) – соби на приземје
Структура: 1 брачен + 1 единечен или
3 единечни кревети, чајна кујна, сопствен тоалет, балкон.
DBL 1F/2F (standard) на прв и втор кат
Структура: 1 брачен + 1 единечен кревет, чајна кујна, сопствен тоалет, балкон.
DBL 1F/2F (standard) на прв и втор кат
Структура: 1 брачен + 1 единечен + помошен кревет, чајна кујна, сопствен тоалет, балкон.
* Собите се доделуваат на рецепција (во објектот) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и
одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој хотел/објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши
по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување.
Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во објектот на престој.
* Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои хотели/објекти се состои од споени два единечни кревети.
Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој хотел/објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
* Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и
локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
* Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
* Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 10 € .
* Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.
Внимание!
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени
во резервациите и во договорот за услуги.
Услови на плаќање
Во случај на резервации со превоз или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
1. За резервации со попуст (рани попусти – EB):
– Попустот за рана резервација важи до 28.02.2024 или до повлекување на понудата!
– При резервација e потребна уплата од минимум 50% од цената на аранжманот-резервацијата.
– Доплатата на вкупниот износ од договорената цена, се врши до 3 недели пред датумот на патување.
* Уплатениот износ од 50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето.
2. За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
– 30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
– 30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
– 40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
3. Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за
пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
Напомена:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа
уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
Хотелот е во непосредна близина на песочната плажа во Торони, една од најпопуларните песочни плажи на Ситонија, Халкидики.
Хотелски содржини:рецепција, ресторан, отворен базен, бар покрај базен, смек бар, бежичен интернет (wi-fi), паркинг, мини маркет…
Сместување: Хотелот е организиран во два сместувачки дела од различна категорија.
Депанданс (Old wing **+)-> студио-соби на приземје, 1 и 2 кат.
Собите се опремени со тераса/балкон, бања, мини бар, клима уред…
Плажа: песочна плажа со сопствен бар на плажата
Услуга: полупансион (појадок и вечера)
Напомена: согласно категоријата, собите во “Old Wing” се чистат на еднаш неделно (пред пристигнување на гостите), за одржување на собите, сервисирање на опремата и други услуги, гостите треба да јават на рецепцијата на хотелот.
Пред да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано. |
Усни барања за резервации НЕ СЕ прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, факс... |
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777 |
или пишете ни на [email protected] за да ве информираме околу достапноста. |
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата. |
Потребно за валидна резервација: |
Ваш е маил, факс и телефони ЗАДОЛЖИТЕЛНО |
Број возрасни |
Број деца (задолжително возраст на децата) |
Презиме и Име за сите учесници |
Број на пасош за сите учесници |
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници |
Адреса на живеење за сите учесници |
За кој објект/аранжман е резервацијата |
дата ОД |
ДО дата |
избор на СОБА (со соодветен број легла) |
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата, |
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата, |
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден. |
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. |
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. |
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. |
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. |
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. |
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. |
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот. |
Правила и услови за престој во објектот. |
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин. |
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот. |
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот. |
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време) |
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до. |
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет. |
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф) |
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот . |
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот.... |
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање.... |
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета) |
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот. |
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример: |
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл. |
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл. |
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено. |
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено. |
Отстранување и поместување на мебел од просториите. |
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога... |
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено. |
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено. |
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено. |
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица. |
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено . |
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици. |
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот |
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка. |
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат. |
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите |
Услови за туристичката агенција и гостинот |
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање |
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање. |
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот) |
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот |
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот. |
Напомена: |
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места. |
ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА |
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува. |
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора. |
Патната исправа мора да биде потпишана. |
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа. |
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат. |
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија. |
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи. |
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА |
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет. |
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА: |
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат. |
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА: |
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви. |
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ: |
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата. |
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА: |
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства. |
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО: |
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури. |
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА: |
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит. |
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи www.mfa.gov.mk |