Цени
Летни аранжмани
8 дена 7 полупансиони по лице 170€ = прва линија
8 дена 7 полупансиони по лице 150€ = втора линија ( нереновирани тоалети)
за користење еднокреветна соба +30%
Редовни цени по лице на ден
сместување | Ноќевање со појадок | Полупансион |
Еднокреветна соба | 31 € | 38 € |
Двокреветна соба | 24 € | 29 € |
Апартнам (максимум до 4 лица) | 90 € | |
Вила (максимум до 4 лица) | 90 € |
Цените се во € се плаќа во денари 1€ =62,00 денари
Доплата за дополнителен оброк 5€
Деца до 10,99 – гратис
Деца над 10,99 г. – плаќаат како возрасен
Во цената Е вклучено:
Полупансион
Безжичен интернет
Клима уред
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Пијалоци за време на оброците
Хотел
Хотел Десарет се наоѓа во туристичката населба Пештани, одалечен 12 километри од центарот на Охрид, на регионалниот пат правец Охрид – Св Наум.
Комплексот на хотелот е изграден во стилот на традиционалната Охридска архитектура од 19-тиот век, и се простира на самиот брег на Охридското Езеро, опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна.
Сите соби имаат: балкон со маса и столови, кабловска телевизија, телефон, бања..
Хотелските апартмани и вили се опремени со балкон со маса и столови, кабловска телевизија, телефон, бања, мини бар ( со доплата)
Хотел Десарет располага со два спортски терени комбинирани за мал фудбал, кошарка, тенис, ракомет и одбојка кои се изградени за потребите на гостите кои престојуваат во хотелот.
Терените се осветлени и ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби.
Исто така располага со куглана како и со билијард и пинг понг маси при што ви се овозможува да дополните дел од вашето слободно време со спорт и рекреација.
Хотел Десарет располага со сопствена плажа, во склоп на плажата работи бар со капацитет од 120 седишта од кој во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика.
Во склоп на хотелот ви овозможуваме користење на лежалки ,чадори за сонце и педалинки.
Плажата во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.
Хотелот има сопствено пристаниште кое е достапно во секое време на денот за нашите гости, и сопствен паркинг за 100 возила, кој е бесплатен за нашите гости.
Услови
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети),
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
Патниците собата првиот ден ја превземаат по 14:00 часот,
Последниот ден напуштање на собата е до 10:00 часот.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на лице место.
Важат Општите услови на Т.А. Турист.