трикреветен апартман
1/3 апартман
- Максимално гости:
- 3
трикреветен апартман
Наем на соба за 10 ноќевања
термин: | ноќевања: | 1/3 студио | 1/5 апартман |
22.05-01.06 | 10 | 200 € | 280 € |
01.06-11.06 | 10 | 280 € | 360 € |
11.06-21.06 | 10 | 350 € | 440 € |
21.06-01.07 | 10 | 440 € | 540 € |
01.07-11.07 | 10 | 500 € | 600 € |
11.07-21.07 | 10 | 580 € | 700 € |
21.07-31.07 | 10 | 580 € | 700 € |
31.07-10.08 | 10 | 580 € | 700 € |
10.08-20.08 | 10 | 580 € | 700 € |
20.08-30.08 | 10 | 500 € | 600 € |
30.08-09.09 | 10 | 400 € | 500 € |
09.09-19.09 | 10 | 300 € | 400 € |
19.09-29.09 | 10 | 200 € | 300 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
10 ноќевања
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Информации, услови, попусти
На цените за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14:00 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 09:00 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ (прочитајте ги на ликнот)
Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см
Сопствен превоз или организиран превоз Скопје-Неа Каликратија-Скопје
Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
Цена на повратен билет
Возрасен 40 €
Деца од 2-12 год. 35 €
Деца до 2 г. бесплатно (без седиште);
Вилата „Evi II“ е лоцирана во самиот центар во Неа Каликратија, на само 120 метри метри од морето. Вилата е поставена на самата улица која води дирекно кон плажата меѓу изобилство продавници, маркети и пекари, гиро и ресторани. Располага со пространи студија и апартмани кои се наоѓаат на прв и на втор спрат. Сите сместувачки капацитети имаат сопствено купатило и се опремени со кујни (електрични шпорети со рерни или електрично решо, фрижидери и основни садови за готвење и јадење), телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Апартманите имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во најголем дел од сместувачките капацитети е со сопствен бојлер, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
Сместување
1/3 Студио бр. 3 (прв спрат)
Трокреветно пространо студио на прв спрат во вилата. Има два единечни кревети со нормална димензија и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Опремено е со мебел, телевизор и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со електрично решо, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Има купатило со нормална големина, а затоплувањето на водата е со бојлер. Студиото има пространа тераса со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.
1/5 Апартман бр. 4 (прв спрат)
1/5 апартман на прв спрат во вилата. На самиот влез во апартманот се наоѓаат елементите од кујната, сосема издвоени од спалните соби. Тука има мини шпорет, асприратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Апартманот има други две простории кои се спални. Во првата соба има два единечни кревети со нормална димензија, мебел и клима. Од оваа соба се влегува во купатилото кое е со нормална големина, а затоплувањето на водата е со сопствен бојлер. Од првата соба се влегува во втората спална соба во која има два единечни кревети со нормални димензии, еден кауч на кој може да спијат едно возрасно лице или две деца до шест години, мебел и телевизор. Од оваа соба се излегува на пространа тераса опремена со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.
1/3 Студио бр. 5 (прв спрат)
Трокреветно пространо студио на прв спрат во вилата. Има еден дупли кревет со нормална димензија и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Опремено е со мебел, телевизор и клима. Во истата просторија се наоѓаат и елементите од кујната опремена со електрично решо, аспиратор, мал фрижидер и садови за готвење и јадење. Има купатило со нормална големина, а затоплувањето на водата е со бојлер. Студиото има пространа тераса со пластична маса и столчиња која има поглед кон улицата.
.
Првото туристичко место кое ќе Ве сретне на патот кон Касандра е Неа Каликратија, оддалечено само 40 километри од Солун. Градот кој живее цела година изобилува со ресторани, таверни, амбуланта, аптеки, маркети, слаткарници, продавници (Lidl, Masutis, Marinopoulos)….Во центарот се наоѓа голем парк со забавни игри за децата и уредена песочна плажа во должина од 800 метри. На само 5 километри од градот се наоѓа познатата плажа „Sahara“, надградена со Сино знаме за чистота која нуди одлична забава за младите
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.
Автобускиот превоз е организиран со туристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
Пред да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано. |
Усни барања за резервации не се прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, ([email protected]) ... |
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777 |
или пишете ни на [email protected] за да ве информираме околу достапноста соби.... |
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата. |
Потребно за валидна резервација: |
Ваш е маил и телефони задолжително |
Број возрасни |
Број деца (задолжително возраст на децата) |
Презиме и Име за сите учесници |
Број на пасош за сите учесници |
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници |
Адреса на живеење за сите учесници |
За кој објект/аранжман е резервацијата |
дата ОД |
ДО дата |
избор на СОБА (со соодветен број легла) |
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата, |
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата, |
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден. |
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. |
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. |
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. |
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. |
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. |
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. |
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот. |
Правила и услови за престој во објектот. |
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин. |
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот. |
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот. |
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време) |
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до. |
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет. |
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф) |
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот . |
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот.... |
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање.... |
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета) |
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот. |
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример: |
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл. |
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл. |
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено. |
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено. |
Отстранување и поместување на мебел од просториите. |
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога... |
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено. |
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено. |
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено. |
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица. |
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено . |
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици. |
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот |
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка. |
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат. |
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите |
Услови за туристичката агенција и гостинот |
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање |
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање. |
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот) |
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот |
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот. |
Напомена: |
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места. |
ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА |
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува. |
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора. |
Патната исправа мора да биде потпишана. |
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа. |
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат. |
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија. |
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи. |
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА |
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет. |
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА: |
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат. |
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА: |
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви. |
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ: |
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата. |
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА: |
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства. |
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО: |
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури. |
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА: |
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит. |
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи www.mfa.gov.mk |