Попуст за резервации направени до 31.03.2022
-15% за термини: 21.05 / 29.05 / 05.06
– 12% за сите останати термини
Цени 2022
Цена за наем на студио/апартман за 7 или 9 ноќевања
термин | ноќи | 1/3 студио | 1/4 апартман |
05.06 – 12.06 | 7 | 160 € | 220 € |
12.06 – 19.06 | 7 | 230 € | 310 € |
19.06 – 26.06 | 7 | 280 € | 360 € |
26.06 – 03.07 | 7 | 340 € | 420 € |
03.07 – 12.07 | 9 | 460 € | 520 € |
12.07 – 21.07 | 9 | 490 € | 580 € |
21.07 – 30.07 | 9 | 530 € | 640 € |
30.07 – 08.08 | 9 | 530 € | 640 € |
08.08 – 17.08 | 9 | 530 € | 640 € |
17.08 – 26.08 | 9 | 530 € | 640 € |
26.08 – 04.09 | 9 | 460 € | 520 € |
04.09 – 11. 09 | 7 | 340 € | 420 € |
11.09 – 18. 09 | 7 | 230 € | 310 € |
18.09 – 25.09 | 7 | 160 € | 220 € |
Цената е во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 или 9 ноќевања
Безжичен интернет
Организација на аранжманот
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување (задолжително е)
Туристика такса 0.5 € по соба по ден (се плаќа во агенција)
Клима уред 5 € по соба на ден
Личен трошок на патниците
Неспомнати услуги
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, најблиску до хотелот.
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
Сместување во собите е после 14;00 часот (локално време)
Напуштање на собите е до 09;00 часот (локално време)
Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во хотелот,
Сместувањето е согласно капацитетот на кревети (договорот за патување)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Вила Филоксенија
Вила ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа на крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел, на околу 50 метри од плажа во прекрасен двор со природни сенки од маслинови дрва.
Вилата има сопствен паркинг (ограничен капацитет) и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот.
Вилата располага со двокреветни и трикреветни студија и четворокреветни апартмани.
Во собите: комплет опремена мини кујна, сопствен тоалет, телевизор, безжичен и тернет и клима (се доплаќа 5 € на ден) балкон….
Превоз
Превоз за возрасен 55€ / Еден правец 40€
Деца до 12 години 45€ / Еден правец 30€
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
Место и време на поаѓање:
Скопје 00.30 ч. Холидеј Ин
Велес 01.00 ч. бензинска пумпа Мак Оил (Мотел Македонија)
Неготино 01.30 ч. бензинска пумпа Макпетрол
Смоквица 01.45 ч. бензинска пумпа BWO петрол
Гевгелија 02.00 ч. бензинска пумпа Шимов или граничен премин
Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
ГПС
Координати: 39°10’11.5″N 20°33’14.4″E 39.169863, 20.553990
Услови
ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 И 9 ноќевања.
Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот. Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.
Протокол за влез во Грција / Македонија:
Негативен PCR или негативен Брз антиген тест, или потврда за вакцинација од Covid-19 (14 дена по примена втора доза од вакцината) или сертификат за прележан Covid-19 (можно е патување по 1 месец од потврдената инфекција, но, максимум до 6 месеци од датумот на тестирање. Патниците кои патуваат со свое возило треба да го пополнат онлајн дигиталниот формулар за локализација на патниците https://travel.gov.gr/#/
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )