Цени 2022
Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена
Термини | Ноќи | 1/2 студио | 1/2+1 студио |
21.05-28.05 | 7 | 79 | 139 |
28.05-04.06 | 7 | 89 | 169 |
04.06-11.06 | 7 | 149 | 189 |
11.06-18.06 | 7 | 199 | 239 |
18.06-25.06 | 7 | 249 | 279 |
25.06-02.07 | 7 | 249 | 289 |
02.07-09.07 | 7 | 279 | 309 |
09.07-16.07 | 7 | 299 | 339 |
16.07-23.07 | 7 | 359 | 389 |
23.07-30.07 | 7 | 359 | 389 |
30.07-06.08 | 7 | 389 | 429 |
06.08-13.08 | 7 | 389 | 429 |
13.08-20.08 | 7 | 369 | 389 |
20.08-27.08 | 7 | 329 | 329 |
27.08-03.09 | 7 | 249 | 279 |
03.09-10.09 | 7 | 209 | 229 |
10.09-17.09 | 7 | 189 | 199 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување 7 ноќевања
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот објект во Грција
* Задолжително патничко осигурување
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 0,50 центи по соба од ноќ
* Цената НЕ вклучува ПЦР тест
За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;
Превоз од Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
Доплата за превоз: 40€ за возрасни / 30€ за деца до 12 год.
Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см
Вила Флора 2
Вила Флора 2 е одлично позиционирана на само 30м од плажа, во близина на првиот влез во Торони. Вилата е поставена на главната улица, која воедно минува и покрај самата плажа, во непосредна близина до сите потребни содржини на ова место. Вила Флора 2 е втората зграда од комплексот Флора и располага со двокреветни, трокреветни студија распоредени на високо приземје, прв и втор кат. Секоја од собите е опремена со соодветен мебел, мини кујна, тоалет, ТВ, клима и тераса. Во склоп на самата вила на приземјето од куќата има ресторан таверна каде што гостите може да се претпатат на полупанскионска услуга и да уживаат во вкусовите на одличниот вкус на традиционалната грчка кујна.. Вилата заради непосредната близина на прекрасната плажа во Торони и мирниот карактер на селото е одличен избор за релаксиран летен одмор.
ГПС
39.989060, 23.898658
Услови
– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет.
Преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 год.во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.
– По сместувањето видете дали нешто во просторијата е оштетено и истиот момент треба да го известите сопственикот на објектот
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот и ја направиле штетата.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )