34 м2, една соба со брачен кревет или два разделени кревети.
Кабловска ТВ, интернет, телефон, бања со када, фен, тераса.
DBL standard
- Максимално гости:
- 2
- Максимален бр. на деца:
- 1
34 м2, една соба со брачен кревет или два разделени кревети.
Кабловска ТВ, интернет, телефон, бања со када, фен, тераса.
48 м2, спална соба а во другата софа на развлекување.
Кабловска ТВ, интернет, телефон, бања со када, фен, тераса.
67 м2, спална и дневна во едната брачен кревет во другата софа на развлекување.
Кабловска ТВ, интернет, мини бар, телефон, бања со када, фен, тераса.
Цените се по лице за 1 ноќ. (освен студио и апартмани ) ПОЛУПАНСИОН
Вид на сместување | 16.12.22 -24.12.22 15.01.23-28.01.23 05.03.23-09.04.23 |
25.12.22-02.01.23 11.02.22-18.02.23 |
03.01.23-14.01.23 19.02.23-04.03.23 29.01.23-10.02.23 |
|
Двокреветна Соба (со туш) | 2+1 | 63 € | 86 € | 74 € |
Еднокреветна соба (со туш) | 1+0 | 94 € | 149 € | 112 € |
Двокреветна Соба (со када) | 2+1 | 65 € | 88 € | 77 € |
Еднокреветна Соба (со када) | 1+0 | 96 € | 154 € | 115 € |
Студио | 2+2/3+1 | 189 € | 258 € | 224 € |
Едноспален Апартман | 4+2 | 252 € | 342 € | 295 € |
Двоспален Апартман | 4+2 | 278 € | 375 € | 325 € |
Фемили Апартман | 6+2 | 375 € | 510 € | 445 € |
Вила ИГЛИКА (НАЕМ) | 4+2 | 84 € | 144 € | 96 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Напомена: За сместување во студио задолжително се наплатуваат мин. 3 редовни суми.
Дополнителни услови :
Дете до 1.99 год. – бесплатно
Прво дете од 2-11.99 год. на дополнително легло во соба – бесплатно
Возрасен на дополнително легло во соба – 25% попуст
Две деца до 11.99 со 2 возрасни сместени во студио – бесплатно
4ти возрасен на дополнително легло во студио – 25% попуст
3то дете во студио на дополнително легло – 50% попуст
Дете до 11.99 год. на редовно легло во соба – 25% попуст (не важи за Нова Година)
Доплата за новогодишна вечера (задолжително) : возрасни 85€, дете 45€
Доплата за Новогодишна вечера за клиентите сместени во вили возрасни-60€ дете-32€
Доплата за туристичка такса за возрасни и деца над 2 год. : 1€ по лице на ден
Доплата за полупансион на клиентите кои се сместени во вилите 14€ по лице на ден, 1 деца од 2 до 11.99 7€ на ден
Во цената е вклучено :
Појадок и вечера
Бесплатно кафе, чај и слатки од 16ч до 17ч во ресторанот
Користење внатрешен базен
Финска сауна
Билкова сауна
Парна бања
Ски гардеробер
Интернет во лоби
Детски кат
Фитнес
Паркинг бесплатен-ограничени места
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Личен трошок на патникот
Неспомнати услуги
Туристичка такса 1 € по лице на ден (дете до 2 г, не плаќа такса)
Хотелот е категоризиран со 4*, лоциран во центарот на Боровец, 100 метри од лифтот- гондола, близу до сите ресторани и атракции во одморалиштето.
Хотелот е добитник на наградата на Бугарската организација за хотели и ресторани за „Планински хотел со 4*за 2011 година“.
На располагање на гостите се: ресторан (150 места), лоби бар (25 седишта), коктел бар (50 седишта); на рецепција – сеф за изнајмување и биро за размена на валута.
Термичка зона: Сауни – билна и финска, парна бања, соба за масажа, докторска ординација, внатрешен загреан базен, хамам….
Сместување:
Двокреветна соба
Стандардните соби имаат два кревети, тоалет со туш или када, сателитска телевизија, минибар и телефон. Повеќето од собите имаат балкон, дополнителниот кревет е фотелја.
Студио
Студијата имаат брачен кревет (тип спална соба) и софа кревет во дневната соба.
Тоалет со туш или када,сателитска телевизија, минибар, телефо. Повеќето студија имаат балкон.
Вила
Има 6 еднокатни семејни вили лоцирани веднаш до хотелот Иглика.
Секоја вила има дневна соба со кујна, софа кревет, што ги прави погодни за 4 до 6 лица.
Пред да уплатите треба да знете дека статусот на собите или места за аранжманот се менува постојано. |
Усни барања за резервации НЕ СЕ прифаќаат, ке се реализираат само резервации по е маил, факс... |
Затоа потребно е да се информирате на 070 202 777, 047 202 777 |
или пишете ни на [email protected] за да ве информираме околу достапноста. |
По потврдата од нас за достапност должни сте да извршите уплата. |
Потребно за валидна резервација: |
Ваш е маил, факс и телефони ЗАДОЛЖИТЕЛНО |
Број возрасни |
Број деца (задолжително возраст на децата) |
Презиме и Име за сите учесници |
Број на пасош за сите учесници |
Дата на раѓање ( ден/месец/година) за сите учесници |
Адреса на живеење за сите учесници |
За кој објект/аранжман е резервацијата |
дата ОД |
ДО дата |
избор на СОБА (со соодветен број легла) |
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем назначен во Вашата резервацијата, |
се молат патниците веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата, |
доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ на патувањето или уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, и тоа уште првиот ден. |
Напоменуваме дека рекламации од страна на патниците за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. |
Ве молиме во случај на било каков инцидент, да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. |
Организаторот на патувањето е должен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. |
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. |
За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. |
Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. |
За било каков проблем должни сте да имате пишан со печат и потпис документ од објектот. |
Правила и услови за престој во објектот. |
Овие правила се врз основа на важечкото законодавство во земјата домаќин. |
Почитувајте ги правилата зошто администрацијата на објектот може да го прекине престојот и услугите на гости кои ги прекршуваат правилата на недомакинско однесување во истиот. |
Поплаки и препораки можат да бидат оставени во книгата за гости на рецепција или кај управникот. |
Одјавување на собите е до 10:00 ч., пријавување по 14:00 ч. (локално време) |
Обратете се на рецепција за информација каде се служи храна во објектот и време од-до. |
Ако заминувате порано, обратете се на рецепцијата претходната вечер за да Ви приготват сув (ланч) пакет. |
Вашите скапоцености, документи оставете ги во сефот на рецепција или во вашата соба. (доколку има сеф) |
За предмети оставени без надзор во собата или во просториите на објектот, одговорноста е на гостинот . |
Информирајте се на рецепција кои се бесплатни услуги во објектот.... |
Информирајте се на рецепција кои услуги се со плаќање.... |
Гостинот ја надоместува штетата во целост во согласност со условите и документите на објектот (ако има штета) |
Доколку постои систем за видео надзор (освен во тоалетите и собите), во останатите простории на објектот, Вие се согласувате со видео надзорот. |
Со цел да се обезбеди ред во објектот информирајте се на рецепција кои нешта се забранети како на пример: |
Пушење цигари во собите, салоните и другите простории во хотелот и сл. |
Употреба на електрични апарати во просториите (освен овластените) и сл. |
Чување на запаливи материјали во просториите не е дозволено. |
Внесување материјали и предмети кои се опасни за здравјето и животот на другите не е дозволено. |
Отстранување и поместување на мебел од просториите. |
Повреда на стандардите на однесување, вклучувајќи употреба на алкохол, дрога... |
Агресивно однесување и активности кои се закануваат на здравјето и имотот на другите не е дозволено. |
Оштетување на хотелскиот имот не е дозволено. |
Прифаќање на посетители во собите по 20:00 ч. ако не се регистрирани не е дозволено. |
Картичката (клучот) од вашата соба не смеете да ја давата не други лица. |
Паркирање на автомобили на влез, излез, како и на тревниците не е дозволено . |
Не е дозволен престој во објектот на домашни миленици. |
Сместување, услови и плаќање на услуги во хотелот |
Можете да ги плаќате услугите кои сте ги направиле во хотелот во готовина, дебитна или кредитна картичка. |
За предвремено напуштање на објектот задолжително земете документ од рецепција со потпис и печат. |
Услугите како што се рано пријавување (пред 14.00) и доцна одјавување (по 12.00) им се наплаќаат на гостите |
Услови за туристичката агенција и гостинот |
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% уплата при самото резервирање |
од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање. |
Агентот или гостинот има право да ја откажи/промени резервацијата-се применуваат Општите услови за патување. (доколку не е поинаку превидено со правила и услови на објектот / аранжманот) |
Откажување или промена на резервацијата на денот на заминување за аранжманот или на денот на пристигање на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот |
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ со потпис и печат потпишан од страна на овластените во објектот и потпис од гостинот. |
Напомена: |
Пред да ја извршите уплатата, Ве молиме контактирајте ја агенцијата за проверка на расположливи места. |
ПРЕПОРАКИ И СОВЕТИ ОД ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА |
Преминување на државна граница на Република Македонија за физички лица: Државјани на Република Македонија државната граница можат да ја преминуваат со важечката патна исправа (биометриска патна исправа) или друг валиден документ со кој се овозможува преминување на државната границата согласно билатерален или меѓународен договор и виза доколку е потребна за земјата каде што патува. |
Со лична карта граѓаните на Р. Македонија можат да патуваат во Србија, Албанија и Црна Гора. |
Патната исправа мора да биде потпишана. |
Пред патувањето да се провери датумот на важност на патната исправа. |
Со визната либерализација граѓаните на Република Македонија можат да патуваат само на кратки патувања до 90 дена во период од 6 месеци. За престој подолг од три месеци (вработување, студирање и сл.), граѓаните на Република Македонија треба да поднесат апликација за виза за подолг престој, дозвола за престој или работна дозвола во дипломатското претставништво на земјата во која планираат да патуваат и подолго да претстојуваат. |
Доколку станува збор за малолетно лице македонски државјанин до 14 години кој патува без својот родител или старател, за неговото патување потребна е писмена согласност од родителите или старателот, заверена од Министерството за внатрешни работи или нотар односно од дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во странство, доколку лицето патува кон Република Македонија. |
Имајќи во предвид дека македонско грчката граница е надворешна граница на Европската унија (Шенген граница), условите за влез во Р.Грција се исти како за влез во било која земје членка на шенген зоната. Покрај основните документи за патување од страна на полициските службеници кои работат на граничните премини при преминување на државна граница можат да бидат побарани и дополнителни документи. |
ТУРИСТИЧКИ ИЛИ ПРИВАТНИ ПАТУВАЊА |
За патувања за туристички или приватни потреби потребни се: потврди за сместување, (ваучер) покана од домаќин, доколку се престојува кај истиот, потврда од организација која обезбедува сместување или друг соодветен документ во кој е наведено предвиденото сместување; потврди за маршрутата на патување, потврда за резервација на организирано патување или друг соодветен документ во кој се наведени предвидените планови за патувањето; потврди за враќање, повратен или повторен билет. |
ДЕЛОВНИ ПАТУВАЊА: |
За деловни патувања како докази за исполнување на условите за излез односно влез, можат да бидат побарани и покана од фирма или од орган за присуство на состаноци, конференции или настани поврзани со трговија, индустрија или работа; други документи со кои се утврдува постоење на трговски односи или односи поврзани со работењето; влезници за саеми и конгреси, доколку се посетуваат. |
ПАТУВАЊЕ ЗА ШКОЛУВАЊЕ ИЛИ ОБУКА: |
За патувања за потребите на учење или други видови обука потебни се потврда за запишување во наставен институт за целите на следење стручни или теоретски курсеви во рамките на основна и стручна обука; студентска карта или потврди за следење на курсеви. |
НАУЧНИ, КУЛТУРНИ, СПОРТСКИ, РЕЛИГИОЗНИ НАСТАНИ: |
За патувања за научни, културни, спортски или религиозни настани, или други причини потебнисе покани, влезници, пријави или програми во кои, доколку е можно, е наведено името на организацијата домаќин и должината на престојот, или друга потврда во која се наведува целта на посетата. |
ПАРИЧНИ СРЕДСТВА: |
Граѓаните који патуваат во странство треба да поседуваат доволно парични средства (во готово, кредитни картици, травел чекови и слично) за издржување во планираниот период за престојот во странство. За доволно парични средства не е пропишана сума бидејќи таа е индивидуална во однос на стандардот на земјата каде што се патува но вообичаено е да се пресметува педесет (50) евра од ден. Средствата може да бидат во готовина, травел чекови и кредитни картички кои ги поседува граѓанинот и валиден документ од банка за поседување парични средства. |
ПРЕМИНУВАЊЕ ГРАНИЦА СО ПАТНИЧКО МОТОРНО ВОЗИЛО: |
При преминување на државна граница со патничко моторно возило покрај националната возачка дозвола возачот треба да поседува и меѓународна возачка дозвола која во Република Македонија ја издава Авто Мото Сојуз на Македонија (освен со земјите со кој РМ има случено договор за користење на националните возачки дозволи). Моторното возило треба да биде соодветно меѓународно осигурано односно да поседува важечки зелен картон. Доколку возилото не е лична сопственост (согласно сообраќајна дозвола) треба да се поседува дозвола за управување со туѓо возило во странство која исто така ја издава АМСМ. При преминување на државната граница со товарно моторно возило возачите треба да ги поседуваат истите документи како и возачите на патничко моторно возило, патен налог и поседување на соодветни дозволи и документи кој се потребни за извршување на царинските процедури. |
ПОСТАПКА КОГА ЌЕ СЕ ИЗГУБИ ИЛИ ОШТЕТИ ПАТНАТА ИСПРАВА: |
Доколку лице државјанин на Република Македонија остане без патна исправа во некоја земја, потребно е да пријави губењето на исправата во најблиската полициска станица и да му се издаде потрврда за истото. Потоа со потврдата треба да се отиде во дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во таа земја, каде што на лицето ќе му се издаде патен лист за да се врати во Република Македонија. Доколку вашата патна исправа се оштети исто така се обраќате до најблиското ДКП на Република Македонијакаде ќе ви издадат патен лист. Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од планираните земји ќе ви треба соодветна виза за транзит. |
Информации и контакт во странство како и за визниот режим на Република Македонија со други држави можете да добиете на сајтот на Министерството за надворешни работи www.mfa.gov.mk |