Цени 2024
Цените се за НАЕМ на СОБА за 7 или 9 ноќевања – без превоз
| термин | ноќи | 1/4 апартман |
| 01.06 | 7 | 300 € |
| 08.06 | 7 | 380 € |
| 15.06 | 7 | 430 € |
| 22.06 | 7 | 500 € |
| 29.06 | 9 | 660 € |
| 08.07 | 9 | 730 € |
| 17.07 | 9 | 790 € |
| 26.07 | 9 | 790 € |
| 04.08 | 9 | 790 € |
| 13.08 | 9 | 790 € |
| 22.08 | 9 | 750 € |
| 31.08 | 7 | 550 € |
| 07.09 | 7 | 500 € |
| 14.09 | 7 | 430 € |
| 21.09 | 7 | 380 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Користење клима уред 6 € на ден (се плаќа во објектот)
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Информации, услови, попусти
Сместување во собите прв ден е после 14;00 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 09;00 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената
Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см
Превоз
Доплата за превоз Скопје – Врахос – Скопје:
Превоз за возрасен 70 € / Еден правец 50 €
Деца до 12 години 50 € / Еден правец 35 €
Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
Вила Ionion View
Вила Ionion View се наоѓа на 50 метри од плажа и има прекрасен поглед на целиот залив.
Има сопствен паркинг, модерно опремени четворокреветни пространи апартман.
Во собите: балкон со поглед на море, опремена кујна, бања, фрижидер, телевизор, купатило и клима (се доплаќа 6€ на ден).
Апартманите се на 2 кат, имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети, пешкири и постелнина се менува 2 до 3 пати во текот на престојот (зависно 7 или 9 ноќи).
ГСП
39.183983, 20.538913
Важни информации
Ø Цените во табелата се за НАЕМ (7 или 9 ноќи) на студио / апартман.
Ø Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 г. во кревет со родител. (по одобрение/согласност од сопственикот на објектот)
Ø Термините во табелата се денови на започнување на аражманот.
Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00 ч, поаѓање во 01.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин.
Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
Ø Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
Ø Цените се во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
Ø За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена.
Напомена: понудата важи на редовните цени.
Ø Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
Ø Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Ø Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
Ø Сместување во собите е по 14.00 ч., а напуштање на истите е до 09.00 ч. по локално време
Ø За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба.
Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Ø Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман.
Ø Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите.
Туристичката агенција НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Ø Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во туристичката агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
Ø Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се.
Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
А тие се:
– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.

















