Цени 2023
Цените се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања (без превоз)
Наем | Јуни | Јуни | Јуни | Јуни |
Термин | 04.06.2023 | 11.06.2023 | 18.06.2023 | 25.06.2023 |
АPT1B / 4 Лица No.15GF | 280 € | 300 € | 340 € | 440 € |
АPT1B / 5 Лица No.16GF | 280 € | 300 € | 340 € | 440 € |
АPT2B / 4 Лица No.7 Vivi 2F-CV | 280 € | 300 € | 340 € | 440 € |
АPT1B / 5 Лица No. 6SV-2F | 310 € | 340 € | 390 € | 470 € |
АPT1B / 6 Лица No. 9SV-3F | 310 € | 340 € | 390 € | 470 € |
АPT1B / 5 Лица No. 10SV-3F | 310 € | 340 € | 390 € | 470 € |
АPT1B / 6 Лица No. 12 SSV -3F | 290 € | 320 € | 360 € | 450 € |
Наем | Јули | Јули | Јули | Јули | Јули |
Термин | 02.07.2023 | 09.07.2023 | 16.07.2023 | 23.07.2023 | 30.07.2023 |
АPT1B / 4 Лица No.15GF | 470 € | 540 € | 590 € | 590 € | 590 € |
АPT1B / 5 Лица No.16GF | 470 € | 540 € | 590 € | 590 € | 590 € |
АPT2B / 4 Лица No.7 Vivi 2F-CV | 470 € | 540 € | 590 € | 590 € | 590 € |
АPT1B / 5 Лица No. 6SV-2F | 510 € | 570 € | 640 € | 640 € | 650 € |
АPT1B / 6 Лица No. 9SV-3F | 510 € | 570 € | 640 € | 640 € | 650 € |
АPT1B / 5 Лица No. 10SV-3F | 510 € | 570 € | 640 € | 640 € | 650 € |
АPT1B / 6 Лица No. 12 SSV -3F | 490 € | 550 € | 600 € | 600 € | 600 € |
Наем | Август | Август | Август | Август |
Термин | 06.08.2023 | 13.08.2023 | 20.08.2023 | 27.08.2023 |
АPT1B / 4 Лица No.15GF | 590 € | 580 € | 540 € | 470 € |
АPT1B / 5 Лица No.16GF | 590 € | 580 € | 540 € | 470 € |
АPT2B / 4 Лица No.7 Vivi 2F-CV | 590 € | 580 € | 540 € | 470 € |
АPT1B / 5 Лица No. 6SV-2F | 640 € | 620 € | 570 € | 510 € |
АPT1B / 6 Лица No. 9SV-3F | 640 € | 620 € | 570 € | 510 € |
АPT1B / 5 Лица No. 10SV-3F | 640 € | 620 € | 570 € | 510 € |
АPT1B / 6 Лица No. 12 SSV -3F | 600 € | 590 € | 550 € | 490 € |
Наем | Септември | Септември | Септември | Септември |
Термин | 03.09.2023 | 10.09.2023 | 17.09.2023 | 24.09.2023 |
АPT1B / 4 Лица No.15GF | 330 € | 300 € | 210 € | 150 € |
АPT1B / 5 Лица No.16GF | 330 € | 300 € | 210 € | 150 € |
АPT2B / 4 Лица No.7 Vivi 2F-CV | 330 € | 330 € | 210 € | 150 € |
АPT1B / 5 Лица No. 6SV-2F | 370 € | 330 € | 230 € | 190 € |
АPT1B / 6 Лица No. 9SV-3F | 370 € | 330 € | 230 € | 190 € |
АPT1B / 5 Лица No. 10SV-3F | 370 € | 330 € | 230 € | 190 € |
АPT1B / 6 Лица No. 12 SSV -3F | 340 € | 310 € | 220 € | 170 € |
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
Употребата на клима уред е бесплатна (каде што е достапен),
Доплата за туристичка такса 1 € по соба на ден (се плаќа во агенцијата)
Попуст за резервирации на два последователни термина -7% на вториот термин (Не важи за цените со рани резерваии)
Во апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 г. во кревет со родител.
Задолжително патничко осигурување (информации во агенцијата)
Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см
Превоз
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ (секоја Недела):
Возрасен 50 €
Дете 2-12 г. 40 €
Поаѓање :
Штип (Нова Пошта 05:00),
Струмица (БП. Макпетрол на влез 06:00)
Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до вилата или најблиската постројка или паркинг за автобус.
Избор на место за седење во автобус е можно, само со доплата од 10 € по патник, не вклучувајќи ги местата од првиот ред.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.(патниците се оставаат на најблиската локација до објектите)
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Кети Хаус
Кети Хаус, се наоѓа во срцето на Неа Флогита, позади бич бар Разматаш и Гиро стрит фут, на само 20 метри од плажа.
Во куќата располагаме со 7 апартмани погоре опишани, куќата има лифт за 2-3 лица. Сите апартманите имаат балкони доста комотни, чисти и реновирани пред почетокот на сезоната, интернетот е бесплатен во апартманите исто така и клима уредите (во секој апартман има по една клима). Во сите апартмани има пешкири(крпи) по две големи и по две мали, освен во апартман 7 каде нема крпи. Кујните се комплетно опремени со мини штопрети и прибор.
Плажа на 20 метри, маркет на само 20 метри и на 50 метри, зелено пазарче 100 метри, Кафе бар на само 20 метри, ресторант, гиро на 0 метри, пекара на 10 метри, Лидл на 6 км во Неа Мудања.
Нови душеци на сите креветите за сезона 2023
Сместување
Соби
Број 15 Апрт 1/4 Приземје (едноспален)
Апартман со 1 спална во која има еден брачен кревет и два единечни (едниот е за дете до 16 години, 80*160 цм.), кјуна и голема тераса
Број 16 Апрт 1/5 Приземје (едноспален)
Апартман со 1 спална во која има еден брачен кревет и кујна со еден брачен и еден единечен и голема тераса
Број 6 Апрт 1/5 втор спрат (едноспален) Поглед море
Апартман со дневна и кујна со еден брачен и еден единечен кревет, спална со еден брачен кревет, голем балкон со маса и два единечни кревети
Број 7 Виви Апрт 1/4 втор спрат (двоспален) Поглед на град
Апартман со нова кујна, една спална брачен кревет и друга спална со два единечни кревети, собите ги дели шибер врата, балкон
Број 9 Апрт 1/6 трет спрат (едноспален) Поглед море
Апартман со кујна и дневна со еден брачен (120*200) и еден единечен кревет, спална со еден брачен кревет и единечен за дете, голема тераса во Г со маса, софа на спуштање и сепаре.
Број 10 Апрт 1/5 трет спрат (едноспален) Поглед море
Апартман со дневна и кујна во која има еден брачен и еден единечен кревет, спална со брачен кревет, голема тераса со маса и два кревета.
Број 12 Апрт 1/5 трет спрат (едноспален) Страничен поглед море
Апартман со кујна и дневна со еден брачен и еден единечен кревет, спална со еден брачен кревет, голема тераса во Г со маса и сепаре.
Важни информации
Важни напомени
Цените се објавени во Ценовник бр.1, апартманско сместување во Грција, со важност до 15.02.2023 година, или до објава на нов ценовкик.
При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.
Корисни информации
Собите се доделуваат на рецепција (во објектот со пречек од представник од агенцијата) доколку не е поинаку наведено во потврдата на резервацијата или ваучерот, а сместувањето на првиот ден и одјавувањето на последниот ден ќе се вршат според куќниот ред на секој објект и според тековната достапност на собите (генерално сместувањето се врши по 14:00 часот, а одјавувањето на просторијата до 09:00 часот);
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Типот на соба се одредува при резарвација. Внимание! Двокреветниот кревет (брачен) во некои објекти се состои од споени два единечни кревети. Третиот кревет се разликува во зависност од опремата на секој објект, и може да биде: единечен кревет, кревет на преклопување или софа.
Сите сместувачки единици, како и превозните средства се категоризирани од надлежните институции во земјата на дестинацијата, според интерните процедури и локалните регулативи, кои се разликуваат од една до друга земја, и не се споредуваат;
Точноста на имињата и личните податоци на патниците се одговорност на патникот кој треба да ги провери во моментот на резервација и по потврдата на услугите.
Секоја промена на веќе потврдена резервација, се наплатува како дополнителен манипулативен трошок од 10 € .
Секое такво барање за промена на резервација: број на лица, тип на сместување, или термин на патување, мора да биде доставено во писмена форма.
Внимание!
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, во моментот на регистрација и потврда на резервацијата.
Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
Услови на плаќање
Во случај на резервации со превоз (со автобуски превоз, чартер или лет на редовни авиолинии) или за индивидуален престој, уплатата ќе се изврши на следниов начин:
За резервации со рана резервација (рани попусти – EB):
50% од вредноста на резервацијата се уплатува во моментот на правење на резервацијата, или до истекот на периодот на претпродажба “EB”, според понудата.
50% од вкупната вредност на услугите, се доплатува до 21 ден пред датумот на почеток на услугите.
За резервации по Општа понуда – со редовни цени (освен EB и LM)0% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата
30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање;
Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само врз основа на целосна уплата на услугите;
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите :
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
Напомена:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.
Ковид гаранција:
Во случај на отказ на резрвацијата до 31.03.2022 г. поради доле наведените причини, се гарантира целосна рефундација на уплатените средства на патникот.
Доколку врз резервацијата влијаат околности предизвикани од пандемијата на Covid 19 или пак новите протоколи за патување и заштита кои не биле актуелни во времето на објавување на понудите и направената резервација, по барање на патникот целосно ќе му биде рефундиран уплатениот износ за направената резервација или истата ќе биде променета со нов термин за престој во објектот/хотелот.
Како околности предизвикани од пандемијата на Covid 19 се подразбираат: затворање на граничните премини, ограничувањата за патување во Грција, ограничувањата на условите за излез и влез во земјата од која заминува или кон која патува патникот, или при болест предизвикана од Covid 19 (со потврда на позитивен ковид-тест).