Цени 2023
Цени по лице со вклучен превоз и 7 ноќевања со појадок
термини | дата на поаѓање | ноќевања | цена | промо цена |
06.06-13.06 | 05.06.2023 | 7 | 210 | 175 |
13.06-20.06 | 12.06.2023 | 7 | 220 | 190 |
20.06-27.06 | 19.06.2023 | 7 | 232 | 205 |
27.06-04.07 | 26.06.2023 | 7 | 244 | 215 |
04.07-11.07 | 03.07.2023 | 7 | 256 | 225 |
11.07-18.07 | 10.07.2023 | 7 | 269 | 239 |
18.07-25.07 | 17.07.2023 | 7 | 281 | 240 |
25.07-01.08 | 24.07.2023 | 7 | 281 | 240 |
01.08-08.08 | 31.07.2023 | 7 | 281 | 240 |
08.08-15.08 | 07.08.2023 | 7 | 281 | 240 |
15.08-22.08 | 14.08.2023 | 7 | 281 | 240 |
22.08-29.08 | 21.08.2023 | 7 | 265 | 235 |
29.08-05.09 | 28.08.2023 | 7 | 244 | 220 |
05.09-12.09 | 04.09.2023 | 7 | 232 | 210 |
12.09-19.09 | 11.09.2023 | 7 | 221 | 205 |
19.09-26.09 | 18.09.2023 | 7 | 210 | 175 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Во цената Е вклучено:
Седум ноќевања во хотел Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
Автобуски превоз
Бесплатни лежалки
Користење на 2 базени со солена вода
Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола
Користење Wi-Fi во лоби на хотел
Во цената НЕ Е вклучено:
Туристичка такса од 0.5€ на ден од лице (се плаќа во автобус)
Патничко осигурување (1 евро од ден)
Факултативни излети.
Програма
ПРВ ДЕН
Состанок на паркингот на Вип Хотел во понеделник во 19 00 часот.
Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање.
Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
Цените се истакнатиarin. Сместувањето е во хотел Marin Princes.
Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотелот. Сместувањето по собите е во време:
Прием на собата прв ден 16;00 час ( локално време )
Напуштање на собата последен ден до 09;00 часот ( локално време )
По сместувањето по собите, слободно време. Ноќевање.
ПРВ до СЕДМИ ДЕН
Секој ден започнува со појадок во хотелот.
Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.
За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.
Во Истанбул се посетува следното:
По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор
Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.
Балат-Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори. Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
Галата Порт-Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.
Таксим-Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!
ОСМИ ДЕН
Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во попладневните часови.
Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж.
Слободно време до часот на поаѓање. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.
Хотел
Хотелот Marin Princes 5* e одличен избор за опуштен и мирен престој.
Располага со двокреветни и трокреветни соби.
Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен, турска бања, сауна, соба за масажа, џакузи, и фитнес сала.
Во собите: мини фрижидер, фен, телевизор, клима. Некои соби имаат када..
Во ресторанот на хотелот се служи појадок (вклучен во цената).
Кумбургаз
На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.
Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација.
Има хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.
Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море.
Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира морето! Најдобриот хотел на сама плажа, MARIN PRINCESS.
Факултативи
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Третиот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете.
БАЛАТ
Балат важи за една од христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од македонските мајстори.Се посетува Железната црква, каде може да се посети гробот на Партенија Зографски. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички.
ГАЛАТА ПОРТ
Галата Порт претставува најновото пристаниште со ексклузивен Европски иглед кое што секојдневно го посетуваат многубројните светски туристи на дневно ниво.
ПЛОШТАД ТАКСИМ
Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!
ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Балат,Галата Порт и Таксим Плоштад)
Сакате да го доживеете Истанбул во вистинско светло? Сакате да ги посетите сите знаменистости и да се вратите дома полни со импресии? Дали сакате да бидете вистински патник кој следејќи ги постапките на европските туристи своите пари ги вложува во знаење, уметност, култура, традиција и храна наместо во шопинг на гардероба и секојдневни работи коишто ќе ги најдете и кај нас? Тогаш ние имаме ВИП пакет само за вас! Вистински избор за вистинските патници. Нормално за да поминете поевтино и да ви останат пари за шопинг последниот ден, ние истиот го намаливме.
Цена: 65 евра (намалена од 75 евра)
Информации и Услови
– Хотелот е на барање.
– За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
– Поаѓањето е ден претходно од термините во табелите или секој понеделник.
– Секој вторник прв ден од одмор
– Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
– За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
– Сместувањето во хотелот го одредува самио менаџмент. Агенцијата не гарантира за соба на приземје, кат како и за соба со поглед на море, улица или блок во хотелот.
– Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
– За сингл соба се доплаќа 50% од аранжманот.
– Деца до 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
– Деца од 3-12 г. плаќаат 50% од износот на аранжманот на регуларната цена, придружувани со двајца возрасни а доколку е придружуван од еден возрасен плаќа целосна сума.
– Хотелот одредува на лице место од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
– Резервации за одреден кат или страна не е можна.
– Селекција на седиште во автобус!
– Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според времето на уплатата.
– Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
– Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
– Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
– За влез во Турција потребно е пасошот да е минимум до 6 месеци пред истекување.
– Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци (Дреново), Прилеп, Битола.
– Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
– За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
– За споен термин се сметат две суми од промо цените.
– За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
– Во случај за уплата на сингл соба по промо цена цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
– Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
– За споен термин се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените).
– За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се пресметува од редовната цена.
– Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
– Активните попусти не се комбинират со други попусти
– Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
– Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
– Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
– Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( се плаќа во автобус)
– Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз и појадок од Скопје до Кумбургаз и назад.
– Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
– Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
– При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
– Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
– Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори агенција нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
– Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
– Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )