-10% попуст за резервации направени до 31.03.2023 со целосна уплата до 03.04.2023
Цени 2023
Цени за НАЕМ на СОБА
термини | 1/2 студио | 1/3 студио | 1/3 мезонет | 1/4 студио | 1/3 апартман |
03.06-10.06 | 99 | 109 | 139 | 159 | 149 |
10.06-17.06 | 149 | 159 | 169 | 189 | 179 |
17.06-24.06 | 209 | 219 | 229 | 249 | 239 |
24.06-01.07 | 259 | 269 | 289 | 309 | 299 |
01.07-08.07 | 309 | 319 | 339 | 359 | 349 |
08.07-15.07 | 349 | 359 | 379 | 409 | 389 |
15.07-22.07 | 349 | 359 | 379 | 409 | 389 |
22.07-29.07 | 349 | 359 | 379 | 409 | 389 |
29.07-05.08 | 349 | 359 | 379 | 409 | 389 |
05.08-12.08 | 349 | 359 | 379 | 409 | 389 |
12.08-19.08 | 339 | 349 | 369 | 399 | 379 |
19.08-26.08 | 319 | 329 | 339 | 369 | 349 |
26.08-02.09 | 299 | 309 | 319 | 359 | 339 |
02.09-09.09 | 199 | 209 | 229 | 269 | 239 |
09.09-16.09 | 169 | 179 | 199 | 219 | 209 |
16.09-23.09 | 129 | 139 | 169 | 189 | 179 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Попуст за превоз:
Дете до 1,99год- бесплатно и не користат седиште
Информации, услови, попусти
Цените обележани со црвено се промо цени
На промо цените и цени за рана резервација НЕ следува попуст
Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Превоз
Цена по лице за превоз за Ксамил преку Грција
Цена по лице | време на поаѓање | цена |
Скопје – Дрводекор | 00:00 | 60 € |
Велес – БП Макпетрол-кружен тек | 00:45 | 60 € |
Штип – паркинг пред пошта | 00:00 | 75 € |
Дреново – БП Макпетрол | 01:15 | 60 € |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 04:00 | 55 € |
Прилеп – БП Селида | 03:00 | 55 € |
Струга – Хотел Дрим | 01:15 | 65 € |
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола | 02:00 | 65 € |
Ресен – спроти автобуска станица | 02:30 | 65 € |
Деца од 2-11,99год: 10 € од цената на возрасен
За некои од релациите се организира трансфери со патнички возила или комбе
Превозот ги слегува патниците на најблиску до сместувањето каде може да се паркира автобус
Ако патувањето за Албанија Ксамил се реализира преку граничен премин Меџитлија Битола задолжително е поседување на валиден биометриски пасош.
Опис
Вила Сала лоцирана во Ксамил се наоѓа на 200м од плажа, до плажа има 5мин пешачење, располага со двор и 3 спрата со соби.
Собите се лоцирани на приземје, први и втор спрат.
На приземје студиа за 3 и 4 лица со поглед кон градина,
На прв и втор спрат се студиа за 2 и 3 лица.
Во собите: сопствен тоалет, клима (вклучена во цената), кујна опремена со прибор за готвење, фиржидер, телевизор, балкон, комарници.
Важни информации
Автобускиот превоз е организиран со високотуристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот.
Организаторот на патувањето нема ингеренции да посредува меѓу Вас и надлежните институции во земјата во која престојувате, но секако ќе Ви помогнме колку е тоа можно од нас.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи и багаж
Услови
Цената на аранжманот зависи од квалитетот и локацијата на објектот.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман продаден по рани резервации, не следува корекција на цената.
Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобус
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.