Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата.
Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот,
Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро.
Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект.
Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот
Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 145-155 см со 180-190 см.
Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.