Цени 2024
1.Вонсезонски цени
* цена по лице со вклучен превоз
термин | 1/2 студио бр. 4 и 5 | 1/2 студио бр. 3 и 6 | 1/4+2 апартман бр 1 и 2 |
26/05-02/06 | 89 | 99 | 99 |
02/06-09/06 | 109 | 119 | 119 |
09/06-16/06 | 139 | 149 | 149 |
16/06-23/06 | 169 | 179 | 179 |
23/06-30/06 | 179 | 199 | 189 |
Плаќаат | 2 лица | 2 лица | 3 лица |
2.Сезонски цени
* цена за наем на студио / цена БЕЗ превоз /
термин | 1/2 студио бр. 4 и 5 | 1/2 студио бр. 3 и 6 | 1/4+2 апартман бр 1 и 2 |
30/06-07/07 | 409 | 439 | 599 |
07/07-14/07 | 429 | 459 | 629 |
14/07-21/07 | 449 | 499 | 669 |
21/07-28/07 | 449 | 499 | 669 |
28/07-04/08 | 449 | 499 | 669 |
04/08-11/08 | 449 | 499 | 669 |
11/08-18/08 | 449 | 499 | 669 |
18/08-25/08 | 449 | 499 | 669 |
25/08-01/09 | 439 | 479 | 649 |
3.Вонсезонски цени
* цена по лице со вклучен превоз (задолжително плаќаат 2 лица)
термин | 1/2 студио бр. 4 и 5 | 1/2 студио бр. 3 и 6 | 1/4+2 апартман бр 1 и 2 |
01/09-08/09 | 179 | 189 | 179 |
08/09-15/09 | 139 | 149 | 149 |
15/09-22/09 | 119 | 139 | 119 |
22/09-29/09 | 89 | 99 | 99 |
плаќаат | 2 лица | 2 лица | 3 лица |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
40.400484, 23.878998
Напомени и услови:
Туристичка такса 1,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Цените во табела бр. 1 и 3 – се вонсезонски по лице за 7 ноќевања со вклучен превоз.
Во вонсезонските цени за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10€ по лице.
Во вонсезонските цени во студио плаќаат минимум 2 лица
Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
Цените во табела бр 2 се сезонски и се за НАЕМ апартман и студио за 7 ноќевања,
според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа.
Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см
Превоз
За возрасни 3.100 мкд. (50€), еден правец 2.480 мкд. (40€)
За деца до 12 години 2.480 мкд. (40€), еден правец 1.700 мкд. (35€)
Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
Soula
Куќа Soula се наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од прекрасната песочна плажа.
Куќата располага со четири студија и два апартмани.
Користење на клима уред и безжичен интернет (wi-fi) се вклучени во цената.
Вилата има сопствен уреден двор и паркинг веднаш пред вилата.
Апартманите и студијата се опремени со мала стандардно опремена кујна со сите потребни елементи, додека во апартманите има големи фрижидери и голем електричен шпорет со рерна. Сите имаат клима уред, телевизор и тоалети со туш.
Апартманите (бр. 1 и бр. 2) и едно студио (бр. 6) се на високо приземје, а останатите студија (бр. 3, 4, 5) се на кат. Сите располагаат со сопствена тераса опремена со маса и столови, освен студиото бр. 6 кое има сопствен уреден и заграден двор со маса и столови.
Апартман бр. 1 (1/4+2)
Апартман бр. 1 (1/4+2) – 4 лица + 2 – високо приземје.
Простран апартман со брачен кревет во спална соба, две софи на извлекување во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столови, клима уред и телевизор. Апартманот има сопствен тоалет со туш. Од кујна се излегува на тераса со страничен поглед море и истата е опремена со маса и столови.
Апартман број 2 (1/4+1)
Апартман број 2 (1/4+1) – 4 лица + 1 – високо приземје.
Простран апартман со брачен кревет во спална соба, една софа на извлекување и едно стандардно легло во дневна соба споена со кујна. Кујната е комплетно опремена со голем електричен шпорет со рерна, голем фрижидер, маса со столици, клима уред и телевизор. Сопствен тоалет со туш. Од апартманот се излегува на голема заедничка тераса, која е опремена со маса и столици.
Студио број 3 (1/2)
Студио број 3 (1/2)– прв кат.
Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од студиото се излегува на тераса со поглед позади кон дворот, која е опремена со маса и столови.
Студио број 4 (1/2)
Студио број 4 (1/2)– втор кат.
Студиото располага со еден брачен кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ и сопствен тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 5 (1/2)
Студио број 5 (1/2)– втор кат.
Студио 1+1 стандарден кревет и мала комплетно опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ, тоалет со туш. Од ходникот на студиото се излегува на тераса која е со поглед кон улица, која е опремена со маса и столови.
Студио број 6 (1/2)
Студио број 6 (1/2) – високо приземје.
Студио – еден брачен кревет и мала опремена кујна (кујнски инвентар, решо и мал фрижидер), клима уред, ТВ, тоалет со туш.
Од студиото се излегува во сопствено дворче кое располага со маса и столови.
Информации
Во апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
Цените се во евра, уплатата е во денараска противвредност (1евро = 62 мкд).
Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна до плата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
Сместување во собите е по 14.00 часот,
Напуштање на собите е до 09.00 часот локално време.
За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 € на ден по студио / апартман.
Цените објавени во табелите се конечни, без скриен трошоци. туристичката агенција НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој –било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во туристичката агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Јерисос
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Услови
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )
А тие се:
– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.
Напомена:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.