21.04-25.04.2022
Цените се по соба – ноќевања со појадок / сопствен превоз /
Капацитет во соба | 2 возрасни | 2 возрасни+дете до 4 г | 2 возрасни + дете 4-12 г | 3 возрасни | ||||
Сместување | 2 ноќи | 3 ноќи | 2 ноќи | 3 ноќи | 2 ноќи | 3 ноќи | 2 ноќи | 3 ноќи |
Двокреветна Стандарт | 143 | 179 | 143 | 179 | 173 | 216 | х | х |
Двокреветна Класик | 164 | 210 | 164 | 210 | 198 | 255 | х | х |
Фамилијарна соба | 256 | 333 | 256 | 333 | 270 | 347 | 276 | 353 |
Цените се во € за плаќање во денарска противвредност по курс 1€=62мкд
Во цената Е вклучено:
2 или 3 ноќевања со појадок на шведска маса;
Празничен Велигденски ручек на 24.04 (недела на мени со четири јадења)
Бесплатно користење на спа – внатрешен базен со минерална вода,
Надворешен термални базен тип
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување – задолжително е да си има
Индивидуални трошоци
Хотел
Во подножјето на Пирин планина, во центарот на градот Сандански се наоѓа хотел Свети Никола.
СПА центарот на хотел “Свети Никола” се напојува со минерална вода 75 ° С од природен извор.
Минералната вода во комбинација со уникатната клима на градот нуди можност за вистинска релаксација.
Хотелот има 63 двокреветни соби, 21 еднокреветни соби и 7 апартмани.
Располага со:
СПА центар: затворен базен со минерална вода, сауна, римска бања, солна соба, фитнес;
Безжичен интернет;
Снек бар,
Пиано бар,
Основен ресторан,
Ресторан Плумари,
Конференциска сала …
Сместување:
57 двокреветни, 21 еднокреветни соби.
Двокреветна соба класик:
( Брачен кревет или два единечни, нова гарнитура )
Максимален капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 12 год.
Двокреветна соба стандард:
( Брачен кревет или два единечни )
капацитет: 2 возрасни + 1 дете до 12 год.
Еднокреветна соба класик:
( Единечен кревет, нов мебел )
Максимален капацитет: 1 возрасен
Еднокреветна соба стандард:
( Единечен кревет )
Максимален капацитет: 1 возрасен
Студио:
(еден брачен кревет и софа на расклопување)
Максимален капацитет 3 возрасни или 2 возрасни и 1 дете до 12 години
Услови
Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
ВАЖИ ЗА ТУРИСТИЧКА АГЕНЦИЈА И ЗА ГОСТИНОТ:
За валидна резервација ќе се смета, резервација направена со 30% депозит уплатен при самото резервирање од страна на агентот или гостинот, а со целосна уплата до пред поаѓање.
Сместување во собите после 14;00 часот ( прв ден )
Напуштање на собите до 11;00 часот ( последен ден )
Сите лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата.
Сите посебни потреби од страна на хотелот се потврдуваат на лице место од страна на самиот хотел.
Ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот и треба да се направи на лице место за време на престојот во хотелот.
Категоријата на хотелите се определува според законодавните одредби на соодветната држава.
Информацијата за услугите и конфорот кои што секој хотел ги нуди се осигурани од самите хотели.
Откажување или промена на резервацијата на денот на пристигнување на гостинот или порано напуштање на хотелот, платената сума не подлежи на враќање на агентот или гостинот.
Промена или откажување на резервација за време на празници до 30 дена пред пристигнување е без пенали.
Промена или откажување на резервација за време на празници помалку од 30 дена пред пристигнување, агентот или гостинот плаќа 100% од целата резервација.
Хотелот прифака рекламации во рок од 48 часа.
За валидни рекламации ќе се сметаат оние кои се со документ потпишан од страна на гостинот и од овластените во хотелот.
Хотелот не прима домашни миленици.
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на хотелот/објектот.
Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна на клиентот. Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот.
Агенцијата не сноси одговорност, не ги обештетува и не ги компензира туристите кои се откажале од користењето на услугата или на дел од неа.
Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Агенцијата не сноси одговорност за дејствија на погранични и царински служби, авиокомпании, автобуски и железнички превоз и не ги обештетува туристите независно од тоа дали поради таквите дејствија туристите неискористиле дел од услугите или целата услуга.
При штети кои што се нанесуваат во хотелите конретниот извршител или извршители прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот. Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.
За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )