Цени 2024
Хотел ТЕАТАР
сместување | Ноќевање | Ноќевање појадок | Полупансион | Полн пансион |
Еднокреветна / 1 лице | 36 | 42 | 57 | 67 |
Двокреветна / 2 лица | 54 | 60 | 90 | 110 |
Трикреветна / 3 лица | 66 | 78 | 123 | 153 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Апартмани ТЕАТАР
сместување | Ноќевање | Ноќевање појадок | Полупансион | Полн пансион |
Еднокреветна / 1 лице | 36 | 42 | 57 | 67 |
Двокреветна / 2 лица | 54 | 60 | 90 | 110 |
Трикреветна / 3 лица | 66 | 78 | 123 | 153 |
Четирикреветна / 4 лица | 72 | 84 | 150 | 170 |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
Услуга по избор
Клима,
Интернет,
Туристичка такса,
Во цената НЕ Е вклучено:
Превоз
Патничко осигурување
Мини бар – со доплата
Хотел Театар
Хотел Театар е градски хотел, изграден во стил на национална архитектура, лоциран во самиот центар на Битола.
Има 10 соби, од кои 7 двокреветни соби, 2 двокреветни (со брачен кревет), и една трикреветна соба.
Вкупен капацитет од 18-21 легло.
Рецепцијата на хотелот работи 24 часа дневно.
Хотелот има сопствен, бесплатен паркинг во сопствена парцела на 75м од хотелот.
Сите соби се опремени со централно ладење/греење, купатило, телевизор, телефон, мини бар, фен, интернет….
Под ист кров со хотелот функционира и Интимен театар, прв независен театар во Македонија со сопствен простор, со редовен репертоар.
Истиот простор на театарот, со површина од 100м2, може да се користи како повеќенаменска сала – за состаноци, конференции, предавања итн.
Во склоп на просторот на хотелот можеме да организираме за Вас и оброци (ручек/вечера) со кетеринг услуга.
Хотел Театар е мал, интимен семеен хотел, кој со својот амбиент, услуги, но и флексибилност, сака да понуди квалитет повеќе кон своите клиенти.
Доколку доаѓате со возило, можете да се паркирате на улица пред хотелот (јавен паркинг, моментално е бесплатен), или на хотелскиот паркинг лоциран на 75 метри од хотелот (секогаш бесплатен).
Апартмани Теарар
Апартманите се наоѓаат на 75 м од хотел Театар.
Бесплатен безжичен интернет е достапен во сите соби.
Сите гости кои престојуваат во апартманите може да ги користат услугите на хотелот.
Појадокот е во барот во хотел Театар.
Апартманите се чистат секој ден.
Капацитет – 15 легла
Услови
Локација
41.02582391521445, 21.331302167535217