Цени 2024
9 или 7 ноќевања со појадок и вечера со вклучен превоз
периоди | ноќи | Скаут | Скаут 1 | Ексклузив | Беба |
18.06-27.06 | 9 | 275 | 275 | 295 | 305 |
27.06-06.07 | 9 | 275 | 275 | 295 | 305 |
06.07-15.07 | 9 | 275 | 275 | 295 | 305 |
15.07-24.07 | 9 | 275 | 275 | 295 | 305 |
24.07-02.08 | 9 | 285 | 285 | 305 | 315 |
02.08-11.08 | 9 | 285 | 285 | 305 | 315 |
11.08-20.08 | 9 | 285 | 285 | 305 | 315 |
20.08-29.08 | 9 | 275 | 275 | 295 | 305 |
29.08-05.09 | 7 | 215 | 215 | 240 | 260 |
05.09-12.09 | 7 | 205 | 205 | 230 | / |
12.09-19.09 | 7 | 195 | 195 | 220 | / |
Цените се во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Прво дете до 12 г. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот
Второ дете до 12 г. ГРАТИС (доплата за превоз 45 евра) за сместување во 1/3 соба
Второ дете до 12 г. ПОПУСТ од 50% од цената на аранжманот за сместување во 1/4 соба
Попуст за трето возрасно лице или дете над 12год – 20% попуст
Дете до 5 г. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 25 € )
Во цената Е вклучено:
Автобуски превоз
9 или 7 полупансиони
Во цената НЕ Е вклучено:
Во цената не е вклучена туристичка такса, се плаќа на лице место (1€ на ден за лице)
Намалување за патување со сопствен превоз – 10 €
Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место
Попустот за деца важи за сместување со две возрасни лица.
Сутоморе
Туристичката населба Сутоморе се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор.
Сместување
Сместувањето е во центарот на градот на околу 250м од плажата и ги нуди следниве капацитети:
ВИЛА СКАУТ
Двокреветни, трокреветни соби и четворокреветни апартмани.
Секоја соба има клима, тоалет, фрижидер, телевизор, тераса.
Користењето на клима уредот е вклучено во цената.
ВИЛА СКАУТ 1
Трикреветни и четворокреветни соби
Стандардно опремени соби со тоалет, клима, телевизор, фрижидер, тераса.
Kористење на клима уредот е вклучен во цената.
ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ
Двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима, телевизор, тоалет, фрижидер, тераса.
На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор.
Kористење на клима уредот е вклучен во цената.
ВИЛА БЕБА
Двокреветни, трокревтни и четворокреветни соби.
Секоја соба е со телевизор, тоалет, мини кујна, клима и тераса.
Kористењето на клима уредот е вклучен во цената.
Превоз
Скопје сала Борис Трајковски 05;00 часот
Превозот е со автобус или минибус
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување
Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж до објектот на сместувањето
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења.
Избор на седиште за истото се доплаќа 10 € во правец (освен седишта 1 и 2)
Услови
Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
Сместувањето на првиот ден е по 14;00 часот и одјавувањето на последниот ден е во 09;00 часот
Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )