TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Австрија

SKI FUN – АВСТРИЈА 2020

термин 07.01.2020-12.01.2020

4 ноќевања / полупансион

Планината Герлицен се наоѓа на јужниот дел од Австрија чиј планински врв е со висина од 1911 мнв издигнат над езерото Осиах која располага со стази во должина од 45 км, 15 ски лифтови, 7 жичари, 1 гондола, 8 сини патеки во должина од 13 км, 14 црвени стази во должина од 29 км, 1 црна патека во должина од 3 км. .. Сеедно дали сте почетник или професионалец со сигурност ќе уживате во скиењето на сончевите широки стази за почетници, напредни како и за професионалци. Ски центарот располага и со софистицирана опрема која ветува снег со сигурност од ноември до април, во најдобар квалитет на сите стази.

1 Ден: 07.01.2020 Вторник
Поаѓање во 14:00 часот од Битола. Патот води преку граничен премин Табановце, денско и ноќно возење низ Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори и царински формалности.

2 Ден: 08.01.2020 Среда
Пристигнување во Осиах во утринските часови. Сместување во хотел 3*.
Слободно време за скијање и уживање во прекрасниот планински предел. Вечера. Ноќевање.

3 Ден: 09.01.2020 Четврток
Појадок.
По појадокот организиран превоз до ски лифтовите, слободно време за скијање. Во договорено време враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

4 Ден: 10.01.2020 Петок
Појадок.
По појадокот организиран превоз до ски лифтовите, слободно време за скијање. Во договорено време враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

5 Ден: 11.01.2020 Сабота
Појадок. По појадокот организиран превоз до ски лифтовите, слободно време за скијање. Во договорено време враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

6 Ден: 12.01.2020 Недела
Појадок.
 По појадокот одјавување од хотел и поаѓање за Македонија преку Словенија, Хрватска, Србија, денско и ноќно возење со попатни одмори и царински формалности. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови на 13.01.2020.

 

Цена: 430 еу по лице / 26,660 мкд

 

Во цената е вклучено:

-Превоз на наведената релација со високотуристички автобус
-4 ноќевања на база полупансион (појадок и вечера) во хотел 3* / во двокреветни соби
-Организиран превоз до ски лифтовите
-Вклучени ски карти за четири дена
-Туристички пратител за време на целото патување

Во цената не е вклучено:

-Патничко и здравствено осигурување
-Индивидуални трошоци

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НАЈДОЦНА ДО:  25.12.2020 !!!!

 

НАПОМЕНА:За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.