Почитувани, заради неизвесноста од пандемијата со COVID-19 во однос на понатамошните патувања, Ве известуваме дека за веќе резервираните аранжмани Ви следува вредносен ваучер. Во продолжение Ви го пренесуваме соопштението за издавање ваучери.
СООПШТЕНИЕ
Почитувани патници, имајќи ја предвид моменталната состојба на прогласена пандемија на светско ниво од страна на Светската здравствена организација, поради прогресивното ширење на коронавирусот (COVID – 19), како и препораките на Владите ширум светот поддржани од меѓународните институции, да не се патува, како една од главните причини за експанзија на вирусот го испраќаме ова соопштение до Вас во име на нашата туристичка агенција, со цел да Ве информираме дека сите туристички аранжмани за престојните пролетни патувања, како и сите летни аранжмани за целата сезона – лето 2020 година, за сите дестинации надвор од РСМ, заклучно со 2020 година, се целосно откажани за реализација од страна на туристичките агенции. Тоа значи дека станува збор за генерална одлука. ( Се додека не се створат услови за повторно патување )
Информациите дадени во ова соопштение се однесуваат и на сите останати патници, кои имаа уплатени туристички аранжмани за осмомартовските патувања кои беа предвидени за реализација пред прогласување на вонредната состојба, како и за сите веќе откажани патувања во време на траење на вонредната состојба (од 16 март 2020 година).
Владата на Р.С.Македонија на ден 24.03.2020 година донесе Уредба со законска сила за примена на законот за туристичката дејност за време на траење на вонредната состојба (Службен весник на РСМ, бр. 80 од 27.03.2020 година). Уредбата упатува на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за патниците, во случај на откажување на аранжманите од страна на туристичките агенции.
За таа цел, врз основа на примена на одредбите од Уредбата и врз основа на мислењето дадено од страна на Министерството за економија – сектор за туризам и угостителство, во продолжение Ви ги презентираме условите и начинот за подигнување и користење на ваучерите.
-Сите туристички агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот (патникот) за туристичкиот аранжман.
-Ваучерите ќе се издаваат во три примероци, со рок на важење најдоцна до 31.12.2021 година. (еден примерок од Ваучерот ќе се достави и до Министерството за економија заради евиденција)
-Начинот на издавање на Ваучерите ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција (носител на аранжманот) и корисникот на ваучерот (патникот) ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраење на аранжманот.
-Издадениот ваучер, патникот ќе има можност да го искористи за аражмани достапни во понудата на туристичката агенција (носител на аранжманот) и ИСТИОТ ВАЖИ ЗА ИСТ ТИП НА АРАНЖМАН ЗА КОЈ ПРЕТХОДНО ПАТНИКОТ ИМАЛ УПЛАТЕНО ВО ДОГОВОР СО АГЕНЦИЈАТА.
-Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ колку што бил и аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.
-Ваучерите кои ќе бидат издадени од страна на туристичките агенции, патниците ќе можат да ги подигнат лично во туристичките агенции каде имале извршено уплата/резервација на аранжманот ( од моментот на започнување со редовна работа на канцелариите ) или по барање на патникот истиот ваучер може да им биде испратен по електронски пат односно по е-маил.
-Ваучерите кои ќе бидат издадени и гласат на име на патникот кој извршил уплата/резервација, можат да бидат преносливи, односно Ваучерот може да се искористи и од страна на друг патник по договор меѓу патникот и туристичката агенција.
Никој повеќе од нас не сака да продолжат патувањата, што се есенција на нашите бизнис. Загубите кои ги броиме се огромни за нас, но ова е време кога ЗДРАВЈЕТО на сите Вас и нас е поважно од сe’. Затоа ги следиме и целосно ги почитуваме препораките на Светската здравствена организација и Владата на нашата држава и Ви порачуваме: “Да седиме дома додека траат мерките и додека не се стабилизира целата состојба глобално, за да можеме во радост да патуваме заедно.”
* Горенаведените услови НЕ се однесуваат на резервациите за авионски билети. За секој авионски билет ќе бидат валидни условите на самите авио компании кои се реализатори на летовите. За подетални информации контактирајтé не на емаил [email protected].
Со Почит,Т.А. ТУРИСТ
На следниот линк може да ја прочитате Уредбата за туристичките агенции донесена од Владата на Република Северна Македонија на 24.03.2020 ( Линк до уредбата)
За дополнителни информации пратете ни маил на [email protected]
Најчесто поставувани прашања
Ваучери Covid – 19
1. Од кога се почнува со користење на Ваучерите?
Со отворањето на канцелариите странките ќе можат да си ги подигнат вредносните ваучери издадени на претходно уплатената сума.
Истите можат да ги искористат за:
– Да ја потврдат постоечката резервација веднаш ( доколку има услови за реализација на истата )
– Да ја променат резервацијата со друг датум во моментот на подигнувањето на Ваучерот.
– Да го задржат Ваучерот се додека не се одлучат да букираат нов аранжман.
– Да го предадат Ваучерот на друго лице доколку не се во можност да патуваат или несакаат да го искористат со потпишување на изјава за истото.
2. Дали треба да се поднесува барање за Ваучер?
За секоја резервација автоматски е издаден Ваучер без поднесување на барање од странките. Крајниот рок до кога може да се подигнат ваучерите не е сеуште дефиниран и истиот ќе биде дефиниран во моментот кога ќе раполагаме со соодветни информации за тоа кога ќе може да се патува.
3. Дали ова значи дека нема да има аранжмани за лето?
Не, ние се надеваме дека ситуацијата ќе се промени и за брзо ќе бидеме во можност да патуваме и да ги реализираме сите планирани аранжмани, меѓутоа за да ги заштитиме Вашите влогови потребно е да се придржуваме до уредба / одлука од Влада на СРМ па доколку е се во ред ќе може да ги пребукираме истите аранжмани , со промена на датум или промена на друг аранжман.
4. Под кои услови ќе се издаваат Ваучерите за Авио карти?
Зависно преку која компанија е издадена авионската карта сите странки ќе бидат информирани за условите според која компанијата ги поставува.
5. Колку време по отворањето на канцелариите имаат рок да доплатат за да го задржат веќе изминатиот попуст Early Booking ?
Сите резервации со Еarly Booking попуст, кој веќе истекол за време на вонредната состојба странките ќе имаат можност да си ги доплатат истите задржувајќи го попустот , доколку долатата се изврши до 15 дена по отворањето на канцелариите.
6. Дали може парите од резервацијата што ја откажуваат странките , односно е издаден врдносен ваучер , да се префрлат за друга постоечка резервација која не е доплатена ?
– и за каков аранжман ваучерот ќе може да се искористи ?
Доколку странката има веќе постоечка резервација ( аранжман – наш закуп ) би можела да си ги го искористи Ваучерот за доплата на другиот аранжман.
Ваучер од добавувач ( закуп на друга агенција/ тур-оператор ) нема можност да се искористи за доплата на друг аранжман.
Ваучерите имаат важност за аранмжман од ист тип како претходно направената резервација :
– Ваучер за резервација од сопствен закуп има важност за идна резервација од сопствен закуп.
– Ваучер за резервација од странски / домашен тоур оператор / друга туристичка агенција има важност за идна резервација од истиот.
7. Дали може да се прекинат ратите за туристичките кредити и ратите преку синдикати и само за досега уплатениот изност да се издаде Ваучер?
Не, притоа на секоја странка му следува ваучер еднаков на сумата уплатена до нас од страна на ( синдикатот/банка ) иако странките ги немаат доплатено ратите кај нив.
Уплатата на рата е нивна обврска кон нив а не кон агнецијата.
Доколку синдикатот/банката нема уплатено кон нас во тој случај нема можност да се издаде Вуачер на странката.
8. Зошто не се валидни Општите Услови на патување на СКТМ ако странките откажуваат аранжман од друга причина?
За време на вонредната состојба беше донесена Уредба од Министерството со која беше дадено насока сите аранжмани да се откажат навремено со цел да се заштитат влоговите на клиентите а , со истото и на агенциите и како производ на оваа одлука беше донесена одлука да се издаваат вредносни Ваучери за сите дотогаш направени резервации кои не би биле во можност да се реализираат или би сакале да ги преместат за друг период по завршувањето на опасноста од вирусот во согласност со терминот кој им одговара на клиентите.
За жал Општите Услови на патување на СКТМ не се валидни веќе , бидејќи во вонредна состојба се донесуваат нови уредби по кои мора да се водиме како што беше случајот сега. Од истите произлезе потребата да се откажат сите аранжмани и автоматски за истите да се издадат вредносни Ваучери.
9. Дали уплатената сума може да ја користат за повеќе од 1 аранжман доколку новоизбраните аранжмани имаат пониска вредност?
Од вкупната вредност на Ваучерот може да се букираат повеќе од 1 аранжман. Доколку сумата на 2 или повеќе аранжмани ја надминува сумата на Ваучерот ќе мора да се направи доплата. Доколку е пониска не се прави поврат на средства односно се смета дека Ваучерот е искористен.
10. Дали може дел од Ваучерот да се искористи а, остатокот подоцна?
Ваучерот може да се користи еднократно. Истиот може да биде искористен за повеќе од 1 аранжман меѓутоа не може да се користи дел а, остатокот да се остави за подоцна.
11. Која е процедура за резервации на барање?
Иако сите тур-оператори ќе имаат различни услови за жал уредбата во нашата држава не вклучи ставка со која ќе не заштити нас како агенција и странките во тој аспект.
Кога има отказ на резервација секогаш се проверува под кои услови може да ја откажеме истата и тоа се прави по условите на самиот тур-оператор.
Најбитно во овој случај е да се најде најдобро заедничко решение и за странката и за агнецијата.
Пр. Ваучерот на туроператорот има важност да се искористи до 2020 а клиентот бара ваучерот да се искористи до 2021, во овој случај треба да се објаснат условите на туроператорот со цел да се избегне недоразбирање но доколку според оправдани причини странката не е во можност да го искористи Ваучерот од туроператорот до одредената дата на важност и доколки не успееме да се договориме , ќе излеземе во пресрет за да се издаде ваучер до 2021 од тој тур-оператор.
12. Дали ваучерот може да се даде на друго лице ?
Вредносиот ваучер , може да го искористи друго лице со претходно потпишана изјава од носителот на вредносниот ваучер. И важат истите горенаведени услови за користење на ваучерот.