TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Будимпешта

 

 

1 ден  28.12.2023 СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА
Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 13.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 13.30 часот.
Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   29.12.2023 БУДИМПЕШТА
Очекувано Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина…  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…  Ноќевање.

3 ден    30.12.2023 БУДИМПЕШТА –ВИЕНА
Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање

4 ден   31.12.2023  БУДИМПЕШТА  – ЕСТЕРГОМ – ВИШЕГРАД – СЕНТ АНДРЕА
По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот  и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во хотел во Будимпешта во попладневните часови.
ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ПЛОШТАД. Ноќевање

5 ден    01.01.2024 БУДИМПЕШТА
Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта  со можност  за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта Поаѓање за Македонија во доцните попладневни часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден  02.01.2024 СКОПЈЕ
Очекувано Пристигнување во Скопје во пладневните часови.


Цена на аранжманот за резервација до 10 Ноември 199 € / 12.340 денари 

Редовна цена на аранжманот: 219 € / 13.580 денари

 

Цената на аранжманот вклучува:
Превоз со високотуристички автобус
3 ноќевања со појадок во хотел 3*
Организација на аранжманот
Лиценциран туристички придружник

Цената на аранжманот НЕ вклучува:
Задолжително патничко осигурување  300денари
Крстарење по Дунав
Посета на Естергом, Вишеград и Сент Андреа
Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF
Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич
Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
Туристичка такса 185 ден по лице
Доплата за еднокреветна соба  3.600 денари
Доплата за седиште по избор 20€ (задолжителна резервација при уплата)
Доплата за празно седиште – 150€

Крстарење по Дунав  20€
Посета на Естергом, Вишеград и Сент Андреа  50€
Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  50€
Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 15€

Пакет излети/факултативи Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа – 120€

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
за резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )