Програма
1 ден (10.10.2023 – вторник) : БИТОЛА – ДРАЧ
Состанок на групата на градската автобуска станица во 14.00 часот. Поаѓање за Драч во 14.30 часот. Патот води преку Струга, Елбасан…денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч – сместување на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот. Ноќевање на брод.
2 ден (11.10.2023 – среда) : БАРИ – НЕАПОЛ – СОРЕНТО
Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Неапол. Пристигнување во Неапол во пладневните часови… панорамски разглед на градот со стручен водич…обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Castelo Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, Piazza di Plebiscito, муралот на Марадона, црквата San Francesco, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија, пицерија чии гости биле Софија Лорен, Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона – Da Mateo…слободно време за истражување на живописниот и полн со бои стар дел на градот наречен Spaccanapoli…состанок на групата на претходно договореното место во 18.00 часот…сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден (12.10.2023 – четврток) : КАПРИ – СОРЕНТО
Појадок. По појадокот – факултативен целодневен излет за островот Капри, единствен и уникатен пример на спој на природни убавини, стара архитектура и гламур…поаѓаме со хидроглисер од Соренто или Неапол и на Капри се пристигнува на Marina Grande…оттаму, со организиран превоз стигнуваме до гратчето Ана Капри – лутиот соперник на градот Капри во средниот век. Прошетка низ Ана Капри со локален водич. Слободно време за индивидуален разглед на местото. Слегуваме (со организиран превоз) до истоимениот главен град на островот…посета на Градините на Царот Августин, Via Crupp, Marina Picola, локалитетот Faraglione (3-те стени, симболот на островот), Piazza Umberto со надалеку познатата камбанарија од 17.век и сатот обложен со мајолика…можност за прошетка низ старите улици, продавници со локална роба, сувенирници, како и бутиците со фирмирана роба од највисок квалитет…состанок на групата на претходно договореното место во 18.00 часот. Поаѓање за Соренто. Слободно време за индивидуален разглед на градот…плоштадот Torquato Tasso, црквата San Antonio, villa Comunale, улицата Via Corso Italia…Состанок на групата на претходно договореното место во 21.30 часот. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден (13.10.2023 – петок) : АМАЛФИ – ПОЗИТАНО
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуален разглед на градот или факултативен целодневен излет за Амалфи и Позитано – „бисерите“ на туристичката понуда на Италија…2-та града се секоја година во првите 10 најбарани дестинации во Италија, како за викенд така и за летен одмор од страна на туристите…Се упатуваме во Позитано – едно од најмонденските места во Италија…прошетка и разглед на ова прекрасно рибарско место со шарени куќи сместени на карпи каде што ќе можете да направите прекрасни слики…Заљубени во неговите тесни кривулести улици, куќи кои датираат од средниот век, многу познати личности од светскиот џет-сет купиле имоти во ова мало место. Во договорено време, од малото пристаниште во Позитано, со брод се упатуваме кон Амалфи…прекрасна можност да се воодушевувате и ја доживеете Амалфитанската обала од една друга перспектива. По пловење од отприлика 20-на минути, пристигнуваме во Амалфи…Амалфи беше првиот град кој воспостави силна поморска врска со Византија и Блискиот Исток. Над гратчето стрмо се издигнува планината Lataro, која го затвора местото од копно и така оневозможува ширење на местото…од друга страна, поради оваа причина, од гратчето има прекрасен поглед кон морето. Амалфи е под заштита на УНЕСКО заради својата исклучителна убавина. Овде ќе се прошетаме до катедралата Св. Андреја која има впечатливо скалило и украсна фасада…на крајот – овие 2 прекрасни места ќе Ве остават без здив…враќање во Соренто во касните попладневни часови. Слободно време за индивидуален разглед на градот…Ноќевање.
5 ден (14.10.2023 – сабота) : ПОМПЕА – БАРИ
Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Помпеа…факултативна посета на најпосетуваниот археолошки локалитет во Италија, град кој трагично престана да егзистира како последица од вулканската ерупција на вулканот Везув…поаѓање за Бари во попладневните часови. Пристигнување во Бари околу 18.00 часот…можност за посета на базиликата Св.Никола, со поклонение на неговите мошти…трансфер на брод. Вечерна пловидба кон Драч. Ноќевање.
6 ден (15.10.2023 – недела) : ДРАЧ – БИТОЛА
Пристигнување во Драч во утринските часови. Поаѓање за Битола…пристигнување во Битола во касните попладневни часови.
Цена на аранжманот : 18.540,00 ден. (299 €)
Во цената Е вклучено:
Автобуски превоз на горенаведената релација,
Разглед на Неапол со стручен водич;
Посета на Бари;
3 ноќевања со појадок во Соренто (околина) во хотел со 3*;
Бродски превоз (дек-седишта) на релација Драч – Бари – Драч (доплата за 1/4 кабина – 10 € по лице во правец, доплата за 1/3 кабина – 15 € по лице во правец; доплата за 1/2 кабина – 20 € по лице во правец, пријава и уплата со самата резервација во агенцијата);
Трансфер на патници без надокнада од Куманово, Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп; организација, водство и реализација на аранжманот;
Доплати :
Доплата за еднокреветна соба : 3.410,00 ден. (55 €)
Во цената НЕ Е вклучено:
Факултативните излети и посети;
Влезниците за посета на културно-историските споменици;
Патничкото осигурување;
Такса за престој – 1,5 ЕУР по лице (се плаќа на рецепција);
Цени по лице за факулативата :
Посета на Капри 70 € (трансфер до пристаниште + повратна бродска карта + локален водич + трансфер на самиот остров);
Полудневнен излет за Амалфи и Позитано 55 € (трансфер + превоз со мини-бус + локален водич);
Посета на Помпеа 35 € (трансфер + влезница + стручен водич+слушалки);
За сите факултативни излети, минималниот број за остварување на истите е 30 патници;
Услови
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 платежни патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмат.
Цените се по лице за сместување во двокреветни соби.
За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ.
Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот
За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот.
Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.
При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.
Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање..
Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.
За овој аранжман важат општите услови за патување на ТА ТУРИСТ и СКТМ