TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

МАУРИЦИУС ✈️

1 ден  24.01.2022   Скопје –Истанбул
Состанок на аеродромот во Скопје во 18:45 часот.Полетување во 20:40 часот.

2 д
ен  25.01.2022   Истанбул -Маурициус
Слетување во 00:20 часот во Истанбул. Краток престој на аеродромот, по што следи летот Истанбул-Маурициус со авиокомпанијата Turkish Airlines во 02:20 часот. Пристигнување на островот Маурициус во 13:15 часот по локално време. Пречек од претставник и трансфер од аеродромот до одбраниот хотел. Сместување во хотелот по 15:00 часот на соодветната база на исхрана според табелата. Ноќевање.

3 ден  26.01.2022   Маурициус
Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии. Покрај прекрасните плажи, белиот песок и топлите води, Маурициус нуди бројни можности за дополнителни активности, како нуркање, сурфање, голф, посета на природните паркови, ботаничките градини, sky diving, едрење со јахта и многу други. Неочекувана средба со делфини – полудневна екскурзија Уживајте во една неверојатна средба со делфини. Патување со моторен чамец и посета на островот Benitiers каде што ќе имате вкусен ручек. Уникатниот дел од искуството на оваа екскурзија е пливањето со делфини во нивната природна средина! Цена по лице: 95 € (од 1 до 3 лица) – трансферот не е вклучен во цената

4 ден  27.01.2022   Маурициус
Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии. Полудневна ексурзија на главниот град Порт Луис (со доплата) Обиколка на главниот град на островот Маурициус – прекрасниот Порт Луис, кој ќе ве однесе низ страниците на разнобојната историја и културната разновидност на островот. Религиозната разновидност е дел од културната традиција на островот. Светилиштата се отворени за љубопитните туристи – муслиманските џамии, кинеските пагоди, хиндуистичките храмови и христијанските цркви. Порт Луис е најголемиот град во Маурициус, како и економски и административен центар на островот. Веднаш покрај главниот плоштад можете да се прошетате долж најимпресивниот булевар – Place d’Armes, опкружен со кралски палми од двете страни. Можете да уживате во неколку прекрасни француски колонијални згради, особено на зградата на Владата и на општинскиот театар. Ќе имате слободно време за да ја посетите крајбрежната улица, како и трговски комплекс Le Caudan Waterfront. Живата крајбрежна улица нуди бројни можности – за шопинг, места за забава, ресторани со поглед на пристаништето Порт Луис. Крајбрежјето на Порт Луис е средиште на културниот живот во Маурициус. Цена по лице: 75 €

5 ден  28.01.2022   Маурициус
Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии. Целодневна екскурзија со катамаран По појадокот ќе заминеме на еден ден исполнет со сонце, пијалоци, вкусна храна, многу забава и релаксација, на крстарење со катамаран! Поради ваша погодност, Ви нудиме голем избор на крстарења до неколку дестинации, со неколку различни појдовни точки. На север, изборот е меѓу Gabriel Island и Flat Island. Можете исто така да видите делфини за време на едно од нашите крстарења на западниот брег. Друга можност е да одберете крстарење на источниот брег со посета на познатиот остров Ile aux Cerfs. Во текот на крстарењето ќе имате слободно време за нуркање, сончање и пливање. На катамаранот ќе можете да уживате во вкусен BBQ ручек со свежа риба, пилешко и избор на салати и леб со лук.
Цена по лице: 95 € (вклучен ручек во цената) – трансфер не е вклучен во цената

6 ден  29.01.2022   Маурициус
Појадок. Слободно време за одмор и релаксација или дополнителни екскурзии. Седумте акробации / водопадите / со доплата / – Имате можност да одите длабоко во локалните шуми на јужен Маурициус – LesSeptCascades. Буквално преведеното име значи “седумте водопади”, место кое е најпосакувано од локалното население за пешачење во бујното зеленило. Транзицијата открива едни од најпредизвикувачките места, а на крајот на вашата прошетка ќе завршете со ладење на изворите и водопади. Ќе имате шанса да уживате во прекрасни панорамски погледи. Потоа ке се искучуваме по мала патека, од каде ке дојдеме до седумте водопади.Цена по лице: 140 € (од 1 до 3 лица) 95 € (од 4 до 8 лица)

7-9 ден  30.01.2022   Маурициус
Појадок. Слободно време за одмор и релаксација

10 ден  31.01.2022   Маурициус – Истанбул
Појадок. Напуштање на собите во 12:00 часот и можност за користење на заедничките делови на хотелот. Трансфер до аеродромот за лет Маурициус-Истанбул со авиокомпанијата “Turkish Airlines” во 21:05 часот.

11 ден  01.02.2022   Истанбул-Скопје
Слетување на аеродромот во Истанбул во 06:05 часот по локално време. Краток престој, по што следи лет Истанбул-Скопје во 08:30 часот. Слетување во Скопје во 08:00 часот.

 

хотел услуга цена по лице
Lagoon Attitude 4* полу пансион 1680€
Radisson Blu Poste La Fayette Resort & Spa 4* полу пансион 1785€
Sunrise Attitude (Ex Emeraude Beach Attitude)4* полу пансион 1375€
Silver Beach 3* се вклучено 1611€
Riu Creole 4* се вклучено 1625€
Veranda Tamarin Hotel 3* се вклучено 1528€
Seaview Calodyne Lifesryle Resort 4* се вклучено 1680€
Sofitel Mauritius L’Impérial Resort & Spа 5 полу пансион 1818€
Seasense Boutique Hotel & Spa 5* се вклучено 2209€


Во цената
Е вклучено :
Авионски билет на релација Скопје-Истанбул-Маурициус-Истанбул-Скопје сo вклучен багаж до 30кг;
7 ноќевања хотел и услуга од табелата за сместување во двокреветна соба;
Трансфер аеродром – хотел – аеродром;
Пречек на Маурициус од претставник на агенцијата партнер на англиски јазик;
Претставник од агенцијата организатор доколку има пријавено 16 патници

Цената НЕ вклучува :
Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата;
Факултативни  излети
Задолжително патничко осигурување.

Детали од летот:
1  TK1006 L 02DEC 4 SKPIST HK1     2035 0010+1
2  TK 176 L 03DEC 5 ISTMRU HK1    0220 1310
3  TK 177 L 10DEC 5 MRUIST HK1    2110 0605+1
4  TK1003 L 11DEC 6 ISTSKP HK1     0850 0815

Неопходни докумeнти:
Меѓународен пасош со важност минимум 6 месеци од датумот на враќање.
За деца под 18 години кои патуваат без родители – нотарски заверка со родителска дозвола за напуштање на земјата (оригинал и 1 копија).
За деца, чии родители се со различни семејства, потребна е копија од извод на раѓање на детето, во кој се запишани и двата родители.

Дополнителни информации:
Нема дополнителни визни, санитарни и медицински барања за патување до Маурициус.

Услови :
При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави 21 дена пред поаѓање.
Понудата важи за минимум  2 пријавени патници.
За ова патување не се потребни медицински имунизации.
Патничко осигурување

Рокови за отказ на аранжманот и пенали:
До  45-тиот се задржува неповратниот депозит од  50% од вредноста на аранжманот;
Помеѓу 45-тиот и 36-тиот ден пред датумот на поаѓање се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
Помалку од 35 дена пред датумот на поаѓање се задржува 100% од вредноста на аранжманот.

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари.

Главен град Порт Луј
Службен јазик Англиски, Француски
Временска зона UTC +4
Позивен број +230

Маурициус – парче од рајот што ги фасцинира сите што ја допреле неговата магија. Самото име на островот го сугерира за тропскиот луксуз, спокојството и можноста за комплетен одмор. Маурициус ќе ве фасцинира, ќе се чувствувате како да сте еден од ретките избрани да го допрете ова неверојатно место, каде што секој посетител ужива лично внимание, каде што зад секоја насмевка се крие ветување за уникатен одмор. Република Маурициус е островска држава во југозападниот Индиски Океан, на околу 900 километри источно од најголемиот африкански остров Мадагаскар. Освен островот Маурициус, како дел од територијата на Маурициус се и островите Св. Брендон, Родригез и Агалега. Островот е откриен во 1507 година од страна на португалски морепловци, кој никогаш пред тоа не бил населен со луѓе. Главниот град е Порт Луис, а официјален јазик е англискиот, кој исто така е основeн трговски јазик. Не помалку е распространет и францускиот јазик, којшто е основата за локалниот говорен креолски јазик. Месеците од мај до октомври се поладни, што е поизразено при ниската влажност отколку во намалување на температурите. Маурициус … таму каде што се мешаат минатото и сегашноста … таму каде што се воодушевувачки природните глетки и архитектонски знаменитости … таму, каде што плажите се бескрајни … каде што тиркизната вода нежно ги мие белите песочни брегови..