TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Стразбур

  1. Мај (Сабота) СКОПЈЕ – БАДЕН БАДЕН – СТРАЗБУР
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 12:00 часот. Полетување за Баден Баден во 13:55 и пристигнување во 16:00 часот. Попатна прошетка до Баден-Баден, место кое се наоѓа во подножјето на Шварцвалд, на реката Ос и претставува вистинска оаза на Германската култура и историја.
    Во градот се наоѓаат 14 термални извори, познати по своите лековити својства, па затоа и градот е идеално место за бањски туризам. За неговото славно минато сведочат големите раскошни палати и вили со прекрасно уредени паркови и три километри долгото шеталиште. Пристигнување во Стразбур во вечерните часови и сместување во хотелот. Ноќевање.
  1. Мај (Недела) СТРАЗБУР
    Појадок. Разглед на Стразбур, град во покраината Алзас на истокот на Франција на реката Ил. Во Стразбур се наоѓаат седиштата на Европскиот совет, Европскиот Парламент, Меѓународниот суд за човекови права и други важни европски и светски институции. Разглед на историскиот центар на градот:  Катедралата Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, Плоштадот Гутенберг.
    Стариот дел на градот, познат и како мала Франција е најсликовитиот дел на Стразбур кој изобилува со шарени градби од дрво градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Можност за крстарење по каналите на Стразбур. Ноќевање.
  1. Мај (Понеделник) СТРАЗБУР – КОЛМАР – БАЗЕЛ
    Појадок. Организиран превоз до Колмар. На влезот се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар Фредерик Бартолди. Прошетка низ гратчето, сместено во подножјето на планината Вогези на реката Лаух, која со канал е поврзана со Рајна. Поради многубројните мостови, канали и плоштади, се нарекува и мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува многу туристи. Во старите дрвени градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани…
    Религиските и културни знаменитости во Колмар се протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот со Црквата Свети Мартин, Доминиканската црква, Куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден… Организиран превоз до Базел и сместување во хотелот. Ноќевање.
  2. Мај (Вторник) БАЗЕЛ – СКОПЈЕ
    Појадок. Пешачка прошетка низ стариот дел на градот: Минстер Катедралата, Kunstmuseum, Pfalz терасата со преубав поглед на Рајна, плоштадот Marktplatz so седиштето на владата и парламентот на Базел, Mittlere мостот… Трансфер до аеродромот во Базел. Полетување за Скопје во 16:05 часот и слетување во 18:15 часот.

555€ по лице (34.410 денари)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Авионски билет Скопје–Баден Баден и Базел–Скопје
Аеродромски такси
Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20cm со максимум 10kg)
Организирани трансфери според програмата
Сместување во Хотел 3* во Стразбур (2 ноќевања со појадок)
Сместување во Хотел 3* во Базел (1 ноќевање со појадок)
Организирани прошетки во Стразбур, Колмар и Базел
Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
Доплата за + 1 торба рачен багаж со димензии 55х40х23cm (со максимум 10kg) 3.800 денари
Доплата за куфер за чекирање (со максимум 20kg) 5.800 денари
Туристичка такса 15 евра (се плаќа во агенција)
Крстарење по каналите на Стразбур
Влезници во локалитетите, карти за локален превоз
Патничко – здравствено осигурување

За реализација на аранжманот е потребен минимум од 15 платежни патници

 

Стразбур е град исполнет со разновидни стилови , уметност, шаренило, но и автентичност…
Историјата, иако турбулентна и не секогаш питома, сепак, со секој свој чекор посеала бисери кои самоуверено блескаат низ целиот град. Еден од тие бисери е Палатата Рохан од 18ти век, која е своевиден мал Версај. Тука се кријат богатите Дворци и Палати на некогаш највлијателните Европски дами, Грофицата Мелани и сопругата на Наполеон, Жозефина.
Во престолнината на Алзас, срцето на Европа, се чувствува шармот на Екселенцијата.
Колмар, Волшебен град, шаренило, тоа е првата и најсоодветна асоцијација за ова мало и бајковито место. Сместен во североисточна Франција, во пределот на Горна Рајна во областа Алзас, со виорот на турбулентната историја, Колмар преминувал од Германски во Француски, па дури и Шведски раце, за да се издигне како Француски бисер на убавиот исток. На влезот на гратчето се наоѓа помалата верзија на Кипот на Слободата од Њујорк, како симбол дека тука е роден нејзиниот вајар.
Мала Венеција, градот на Фредерико Бартолди и квалитено Колмаршко вино, комбинација од најдоброто, тоа е овој град.

ВЕ МОЛИМЕ внимателно да ги прочитате сите ИНФОРМАЦИИ и ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ на организаторот до крај.
Личните податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијатa.
По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Пасошот треба да важи минимум 3-6 месеци по завршувањето на патувањето. (зависно во која држава се патува)
Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација и телефонски број.
Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
За реализација на патувањето-аранжманот потребен е минимум од 25 платежни патници.
Доколку има недоволен број пријавени платежни патници, агенцијата има право да ја зголеми цената на истиот или да го откаже патувањето, а за тоа да ги извести пријавените патници најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд
Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20 (во зависност од факултативата).
Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување
Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во авион, автобус од страна на организаторот
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот.
Погрешни податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби
Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, авионски билет, хотел, автобуски трансфери и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување. (ако не се наведени други Услови)
Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со Општите услови за патување. (ако не се наведени други Услови)
Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници, реновирање, сервисирање на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Патниците кои имаат за цел да посетат (непредвидени во програмата) одредени локалитети, музеи, знаменитости, институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин. (агенцијата нема обврска)
Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување-кое е задолжително.
Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
Сите патници државјани на Република С. Македонија и имаат валидни биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ, Турција или друга земја за која е наменета понудата-аранжманот.
Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
Туристичката агенција НЕ Е  надлежна да ја цени исправноста на патните и други документи на патникот.
Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. Пример: за влез во Турција, пасошот треба да е минимум до 6 месеци пред истекување, во спротивно можно е да не биде пуштен на територијата на Република Турција.
Туристичката агенцијата НЕМА одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во авио билетот, ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување ако има измени од превиденото по програмата.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14;00 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на својата земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сноси одговорност, целокупниот износ го сноси патникот.
Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност.
Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
Туристичката агенција Турист може да е организатор но и посредник за патување.
Со оваа програма важат и се применуваат  Општите услови на СКТМ и ТА ТУРИСТ ( прочитај ги тука )