TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Абу Даби

Абу Даби главен град и втор најголем град во Обединетите Арапски Емирати. Абу Даби лежи на остров во Т-форма во Персискиот залив од страна на централниот западен брег. Градот е основан во 1760 година. Врз основа на главниот град на ОАЕ, за градот е врзана една прекрасна легенда.Арапите-ловци од една оаза бркале газела. Газелата долго трчала во пустината, а потоа ги довела ловците на на брегот на Персискиот Залив, каде се нурнала во водата и продолжила до островот. Ловците ја следеле, а газелата ги довела до извор на прекрасна слатка вода. Со благодарност, ловците газелата ја оставиле да живее, а во околината на изворот, се населиле и местото го нарекле „татко на газела„ што на арапски звучи како Абу Даби. Градот се простира на површина од 67.340 км2, а во него живеат 859.749 (податоци од 2008) Во Абу Даби се наоѓаат значајни градби на сојузната влада,а градот е седиште на Владата на Обединетите Арапски Емирати а во него се наоѓа и домот на кралското семејство. Абу Даби прераснува во космополитска метропола. Неговиот брз развој и урбанизација во комбинација со релативно високиот просечен приход на населението, Денес, градот е и политички центар на земјата, центар на индустријата како и најголем културен и трговски центар и поради својата положба како главен град. Градот сам, учествува до 15% од вкупниот БДП на Обединетите Арапски Емирати Абу Даби е дом на важни финансиски институции како што се берзата во Абу Даби, Централната банка на Обединетите Арапски Емирати и корпоративното седиште на многу компании и на повеќе мултинационални корпорации. Како главен град на земја, која е меѓу најголемите светски производители на нафта, Абу Даби активно ја шири својата економија во последните неколку години преку инвестиции во финансиските услуги и туризмот. Абу Даби е трет најскап град во регионот, и 26 најскапиот град во светот. Климата во Абу Даби е сува и жешка. Сонцето и синото небо се типични за сите периоди од годината. Периодот од април до септември е влажен, со високи температури, чиј просек е над 40°C. Во тоа време, можна е и појавата на песочнио бури, при што намалувањето на видливоста е и до неколку метри. Од ноември до март е постудено. Во овој период можна е и појавата на слаба магла,а во некои денови можни се и врнежи. Просечната дневна температура во овој период од годината е околу 25°C. Во оазата Ал-Аин одалечена на околу 150 км јужно од градот, во близина на границата со Оман, се регистрирани највсиоките температури во земјата. Сепак, пустинската клима и свежите утра, овозможуваат околу градот во текот на целата година да се разликува период на жешко лето и влажен период.