Агиос Никитас, идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е на ридче помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море во близина на некои од најубавите плажи во Европа. Местото плени со прекрасната традиционална грчка архитектура, камени улици и ресторани.
Ова село се наоѓа на северозапандата страна на островот, на само 12 километри од Лефкас. Доколку плажите и капењето ви се најважни, тогаш ви го препорачуваме токму Агиос Никитас. Освен тоа, за разлика од Нидри, Лефкас и Василики, ова место честопати е избор и на семејства со деца, бидејќи плажите се попристапни. Од тука лесно ќе ги посетите прекрасните Порто Кацики, Егремни и Катизма. Со прошетка од само дваесет минути ќе стигнете и до популарната плажа Милос.
Во ова место има мали минимаркети кои главно, ќе ги задоволат вашите потреби, но доколку сакате нешто повеќе, не грижете се до Лефкас има само 12 км.