TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Андалузија

Андалузија е најголемиот шпански регион со преубави градови и живописни села. Со околу осум милиони жители, таа е поголема од половина европски држави. Најјужниот регион на Шпанија, каде се сретнуваат Средоземното Море и Атлантскиот Океан е местото каде историјата оставила длабоки траги. Андалузија е лулка на коридата, фламенкото, гитарата... Сонце, страст, звуци на фламенко и впечатливи бои, тоа е Андалузија, регион во кој се допираат истокот и западот во егзотична мешавина од традиционалните: шпанска, еврејска и арапска култура. Освен по убавината и културната разновидност, позната е и по шпанскиот заводник Дон Жуан и уметниците Диего Веласкез и Пабло Пикасо, чии најважни дела се наоѓаат во музејот во неговиот роден град Малага. Покрај песочните плажи и планинските ресорти, тука е и модерната Андалузија со градови полни со отмени бутици, барови, ресторани и бурен ноќен живот. Андалузиските забави се познати како најгласни и “најколоритни”.  

Сортирајте ги резултатите по: