TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Бали

Бали е индонезиски остров и се наоѓа меѓу Јава на запад и Ломбок на исток. Ова е една од 33те покраини со главен град Денпасар на југот од островот. Бали воедно е најмалата покраина во Индонезија. Овој остров се протега на површина од 578006 км2, со околу 5,6 милиони жители. Денес  поголем број од популацијата на Бали се индонезиски хиндуси кој се малцинство во Индонезија. Бали е голем извозник, на ориз, кафе, памук и тутун и е многу позната туристичка дестинација. На територијата на Бали преовладува тропска клима. Просечната годишна температура изнесува 31 °C . Од Октомври до Април трае влажната сезона, а од Декември до Март можно е да има монсунски дождови, сувата сезона трае од Мај до Септември. Просечната температура на водата е околу 28 °C. Последните децении Бали стана една од најголемите и најпознати туристички дестинации во овој дел од светот. Бали содржи автентичност која го разликува по од остатокот од Индонезија и преставува прекрасна дестинација за незаборавно уживање и одмор со голем број на егзотични плажи .
Индонезија, односно Република Индонезија, е држава која се наоѓа во југозападна Азија и е составена од околу 18.330 острови од кои 6000 се недопрени. Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот. Индонезискиот архипелаг е важен трговски регион уште од 7 век кога империјата тргувалa со Кина и Индија. Локалните владетели постепено примиле од странските културни, религиски и политички модели и со тоа ја развивале својата држава. Историјата на Индонезија била под влијание на странските сили кои биле привлечени од природните ресурси на земјата. Прекрасната Индонезија може да се гордее со својата втора по големина шума во светот. Главните туристички атракции се наоѓаат во Џакарта, Бали, Јогјакарта Индонезија ги има сите потенцијали да стане глобален лидер, но таа е попречена од лошо образование и корупција.