TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Барбати

Барбати е едно од најубавите и најмирните места на островот Крф. Идеално е за фамилии и луѓе кои сакаат да бидат одвоени од ноќниот живот. Сепак, ако сакате малку да се забавувате, на 3,5 км се наоѓа местото Ипсос. Главниот град Крф е оддалечен 18 км. Има долга и широка плажа, со бели камчиња и тиркизно и чисто море. Плажата е долга околу 2,5 км и располага со неколку бич барови и ресторани, но и место каде може сами да се одвоите.