Романска легенда раскажува дека градот е основан на бреговите на реката Дамбовица од пастир со име Букур. Ова име буквално значи "забавно".
Букурешт е нарекуван уште "Мал Париз" поради сличноста со француската престолнина - архитектурата од XIX век....
Како најголрема знаменитост во Букурешт се смета Палатата на парламентот (Palatul Parlamentului) е мултифункционална зграда, која ги содржи двата дома на романскиот парламент. Според Гинисовата книга, палатата е најголемата цивилна административна зграда во светот, најскапа и најтешка административна зграда.
Од Универзитетот Пиата многу лесно може да се стигне до повеќето од знаменитостите на Букурешт. На пример, авенјата Калеа Викториеи (Calea Victoriei) е одлична почетна точка. Овие два обележја се во централниот дел на Букурешт, каде што се наоѓаат и повеќето познати ресторани и барови.