За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.
Топ 10 места од интерес:
1. Плоштадот и базиликата Св.Марко
2. Мостот "Rialto"
3. Мостот на воздишките
4. Дуждовата палата
5. Каналот “Canal Grande”
6. Саат кулата Campanile
7. "Rialto Market"
8. Возење со гондола
9. Островите: Мурано, Бурано и Торчело
10. "Peggy Guggenheim" и "Correr" музеите