На прв поглед Милано со екстравагантен стил, најбогатиот и најмодерниот град во Европа кој истoвремено изобилува со историски и артистички атракции, меѓу кои е најголемата готска катедрала во светот, уметничкото дело “Последната вечера“ и најпознатата оперска куќа во светот „Скала”.
Милано е главниот мотор на економијата во својата земја и домот на берзата.
Преку ден може да направите одличен шопинг, додека пак во вечерните часови може да уживате во авангардната театарска сцена, или во некој од жешките клубови до раните утрински часови.
Топ 10 места од интерес:
1. Плоштадот и катедралата „Il Duomo”
2. Оперската куќа „Scala”
3. „Tempio della Vittoria”
4. „Corso Vittorio Emmanuelle II”
5. Каналот „Naviglio della Martesana”
6. Музејот на Леонардо да Винчи
7. „Quadrilatero d’Oro”
8. Библиотека и пинотека „Ambrosiana”
9. Црквата „St.Maria della Grazie”
10. Стадионот "San Siro"