Рим - Вечниот град, каде што модерното и старото, минатото и сегашноста одат рака под рака. Рим е одбраниот град: лулка на Католичката црква, центар на Римската Империја. Рим бил изграден да владее и да доминира со светот.
Кога еднаш ќе стапнете во Рим, во најголемиот музеј на отворено, едноставно здивот Ви се одзема. Градските историски, археолошки и архитектонски наследства надополнети со задоволството на одличната италијанска кујна загарантирано ќе Ви го дадат споменот на вашиот живот.
Топ 10 знаменитости во Рим:
1. Ватикан
2. Фонтана Ди Треви
3. Шпанските Скали
4. „Pizza Navona” и „Piazza Campo dei Fiori”
5. „Pizza Di Popolo”
6. Колосеумот
7. Мостот и замокот на Ангелите
8. „Piazza Venezia”
9. Римскиот Форум
10. Свети Климент