Дебрецин (Debrecen) е вториот најголем град во Унгарија, административен центар и главен град на жупанијата Хајду-Бихар. Дебрецин бил главен град на Унгарија во периодот на 18-тиот век, периодот на револуцијата од 1848-1849 година, како и во периодот на крајот на втората светска војна 1944-1945 год.Со околу 200.000 жители, претставува значаен културен, економски и универзитетски центар, оддалечен 220 километри од Будимпешта, главниот град на Унгарија.