Дојран е историски град во југоисточниот дел на Република Македонија на брегот на Дојранското Езеро. Градот бил разурнат во Првата светска војна кога броел дури 18.000 жители. Денес името Дојран го носат три населби разместени околу Дојранското Езеро.
За настанувањето на Дојранското Езеро постојат повеќе легенди со убавата девојка Дојрана. Една од нив вели дека Дојрана одела по вода на изворите кои морале да се затворат по употреба. Еден ден во моментот кога Дојрана ги полнела стомните со вода, чула дека нејзиниот сакан се вратил од војување и од возбуда заборавила да го затвори изворот. Езерото Дојран, според оваа легенда е резултат на нејзината невнимателност од љубовниот занес.
Иако најдлабоката точка на Дојранското Езеро е само 10 метри, тоа изобилува со живот. Големата количина на алги кои растат во езерото и големиот број на планктони на неговата површина ги прават водите на Дојранкото Езеро исклучително погодни за лекување на реума, кожни и респираторни болести, па многу туристи го посетуваат токму од овие причини.

Дојранското Езеро зафаќа површина од 43.1 km² распределени помеѓу Република Македонија (27.3 km²) и Грција (15.8 km²). На западната страна се наоѓа населбата Нов Дојран, на исток селото Моурес, на север планината Беласица и на југ грчкиот град Дојрани. Езерото има кружна форма и е трето најголемо езеро во Македонија. Езерото за време на Првата Светска Војна било на јужната линија на Македонскиот фронт, а на неговиот јужен брег се одвивала Дојранската Битка помеѓу сојузните Грчки и Британски војски кои напаѓале од југ и Бугарската војска стационирана на рид стотина метри јужно од езерото. Споменик за оваа битка и две гробници за грчките и британските војници денес се наоѓаат на рид неколку стотини метри јужно од езерото.