Се наоѓа во срцето на Србија. Златибор е планина која се простира на површина од околу 1000 км2, , долга е 30 км, а широка и до 15 км. Златиборци се познати по својата мудрост и снаодливост. Сите Златиборци се Срби со православна вероисповест, а ги има околу 20.000. Многу се гостопримливи. Златибор е планина која никого не остава рамнодушен, ама баш никого. Златибор мора да се доживее, за да потоа се прераскажува. Лоциран е на околу 500 километри северно од Скопје. Се наоѓа во срцето на Србија. Златибор е романтичен во зима, но оваа питома планина е прекрасна и во лето. Јас го посетив зимава.
Како до Златибор
До Златибор се патува по вообичаена маршрута.Автопатска делница до Ниш, а од Ниш преку магистрален пат мора да поминете низ Крушевац, Краљево, Чачак, Ужице за да конечно стигнете до Златибор. Патот е убав и лесен за возење. Се стигнува (со автомобил) за околу 5-6 часа, зависно од тоа колку паузи ќе направивте по пат.
Волшепството на планината
Како се приближувате накај Златибор, така ве обзема чувство на среќа, радост, топлина, уживање. Златибор ве пречекува со целиот свој раскошен потенцијал.
Првиот впечаток е како да влегувате во рајска градина. Борова шума насекаде околу вас, а накитените борови со снег ви даваат впечаток како да сте на најубавото место во светот. Планината ве плени со сиот свој сјај, воздухот ве маѓепсува и конечно не ви преостанува ништо друго освен да се опуштите и да уживате во вистинска смисла на зборот. Златибор - место за сите генерации По првичното кафе за добредојде, планината едноставно не ве остава да седете мирни.