TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Крит

КРИТ спаѓа во едно од најубавите Грчки острови. Пределите варираат од соголени сртови до бујни планински шуми и рајски песочни плажи. КРИТ е колевка на Европа, овде е создадена Миноанската култура, првата високоразвиена цивилизација на Западниот свет. Миноанскаста култура е од бронзеното време, од 2600 до 1150 година п.н.е. Напредна цивилизација во секој поглед, која имаше и своја морнарица. Римјаните владееле со островот од 69. година п.н.е. до 330. година, додека спојот на нивното владеење и Византиската култура го збогати културно-историското наследство на ова острово, денес претставено во споменици и мозаици ширум светот...Ова острово, настанато како последица на поместувањето на тлото, покрај туризмот – познато е и по производство на вино, маслини и маслиново масло, суво и свежо грозје, портокали...островото е долго 260 километри и широко од 12 до 60 километри, додека обалата му е долга 1050 километри, се протега на 8336 км2 и има околу 630.000 жители. За Крит се поврзани многу Грчки митови, еден од најпознатите е митот за Минос, кралот на Крит кој одбил да жртвува бик на боговите. Посејдон потоа направи да неговата жена се заљуби во бик, од што се створил митскиот звер Минотаур...на Крит се наоѓа пештерата Идеон Андрон, во која – како се верува се родил Зевс...таму – според легендата, неговата мајка Реа го криела од Неговиот татко Кронос, кој сите други деца ги јадел – со цел никој да не стане негов наследник...