Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море.
Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф.
Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 км северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 км).
Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 км).
Зафаќа површина од 614 км2 и население од 102.000.
Главен град е Крф, 40.000 жители.
КРСТАРЕЊЕ
Излет со брод со вклучен ручек, целодневно шармантно и релаксирано крстарење по североисточниот брег на Крф.
Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со забавна музика, уживање во природата и посетување на многу интересни и преубави места:пештера стара 200 години, рибарско гратче Касиопи со 300 години стара тврдина, плажата Лумнопула која во превод значи мало езеро и која има прекрасна зеленкасто тиркизна боја како и попатни интересни информации за островот.
Убава можност да се види природната граница на Јонското и Јадранското море која впечатливо е отцртана со зеленкаста боја, плажите на Албанија како и по некој делфин подготвен за фотографирање.
ПАКСОС, АНТИПАКСОС И СИНИТЕ ПЕШТЕРИ
Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода.
Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини.
Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва.
Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.
По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос и релаксирање под топлото сонце.
По Антипаксос, се упатуваме кон главниот остров Паксос. Влегуваме во пристаништето на Gaios (Гаиос) каде се минува низ островите Panagia (Богородица) и Agios Nikolaos (Свети Никола).
Прекрасна можност за прошетка низ прекрасните тесни улички како и ручек во еден од традиционалните таверни со поглед на море
Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање.
Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот.
Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот,