Закинтос е еден од најубавите острови на јонско море.
Изобилува со места кои треба да ги посетите, долги и чисти песочни плажи, скриени заливи со високи карпи, мали и интересни острови.
Навечер има богат ноќен живот со премногу кафичи, барови и ноќни клубови.
Препорачано за млади и авантуристи кои преферираат активен одмор.
Шести по ред во низата на острови, познати како “Јонските браќа“, Закинтос е уште познат под Италијанското име Цветот на истокот, дадено од Венецијанците кои овде биле присутни неколку стотици години и оставиле неизбришлив траг во историјата, традицијата и карактерот врз жителите на овој преубав остров…Со своите природни убавини, прекрасни плажи, места за забава, Закинтос е секоја година вбројуван во 10-те топ дестинации за летување на Медитеранот.
Лаганас е местото кое го одбравме за Вас, оддалечено 9 км. од Занте – главниот град на островот, изобилува со многу маркети, сувенирници, ресторани, кафетерии, диско-клубови, ноќни барови и секако – долга песочна плажа, која се протега долж местото.