TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Миконос

  Миконос за љубителите на забавата, убавите песочни плажи, тиркизната боја на морето или остров кој е на врвот од посакуваните топ дестинации за луѓето од целиот свет. Лоциран на Кикладскиот арипелаг, на оддалеченост од 650 км по копнен и 2,5 часа по воден пат или 1 час со авион од Солун е достижен остров за македонските туристи кои ззнаат вистински да истражуваат и уживаат.Туристи од целиот свет, познати ликови џет сетери авантуристи се дел од летната авантура на Миконос.Тоа е единствен остров на Кикладите кој успева со текот на времето да привлече се повеќе и повеќе посетители. Миконос привлекува славни диск џокеи во клубовите и баровите на островот и котира високо меѓу водечките дестинации за забава на Медитеранот и во Европа. Плажите : Оронос, Корфос, Псару, Парага, Парадајс, Супер Парадајс, Панорамос се само дел од најубавите европски плажи со тематски содржини. Не е потребно и не мора да изнајмувате лежалка и чадор затоа што на секоја плажа има простор каде можете да поставте ваш пешкир и чадор.