TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Москва

Москва главен град на Русија,а воедно претставува и нејзин политички, економски, образовен и транспортен центар. Во минатото градот бил престолнина на Царска Русија и главен град на Советскиот Сојуз. Седиштето на Руската православна црква исто така се наоѓа во Москва, во Свети-Даниловиот манастир Со своите над 10 милиони жители претставува најголем град во Европа.. Градот се наоѓа во средиштето на Источно-Европската низина.Се протега низ рамничарски предел на надморска височина од 150-200 метри и зафаќа над 1000 км2. Во правец северозапад-југоисток должината му е најголема и изнесува околу 80 км. Низ градот тече реката Москва која е поврзана со пловен канал со реката Волга. Со ова (преку опсежен систем на реки, канали, езера и вештачки езера) градот е поврзан по воден пат меѓу другите и со: Балтичко Море, Црно Море, Азовско  Море, Бело Море, Касписко Езеро. Поради ова Москва ја нарекуваат и „Пристаниште на 5 мориња“. Климата во Москва е континентална со топли лета и многу ладни зими. На лето температурите достигнуваат и над 30°C, а зиме паѓаат и под -20°C. Просечната температура во јануари е -9,3°C а, во јули изнесува 18,1°C. Првиот снег обично паѓа во средината на ноември, а најснежни месеци се јануари и февруари. Снегот обично се топи кон крајот на март. Москва прв пат се спомнува во пишаните записи како мало гратче во 1147 година. Во 1156 кнезот Јуриј Долгоракиот го изградил првиот ѕид оклу градот. Во 1237 и 1238 монголската Златна орда го ограбила и запалила градот,убивајќи го целото население. Благодарејќи на одличната местоположба градот бил обновен и бргу закрепнал. Неговиот подем сепак бил ограничен од страна на Монголите, кои во тоа време собирале даноци од најголем дел од руските територии преку своите вазали. Но поради подемот на Литванија, монголите сакајќи да балансираат дозволиле Москва да прерасне во моќно кнежество и еден од најважните руски градови во тоа време. За оваа стратешка грешка ги сноселе последиците почнувајќи од 1380год. Кога Големиот Кнез на Москва Дмитриј Донски предводејќи ја обединета руска армија ги поразил во битката на Куликовското поле. Ослободувањето на Русија од монголска доминација траело се до 1480 година кога по Големата битка на реката Угра, татаро-монголите се повлекле и засекогаш била отфрлена нивната власт над руските територии, а престолнината на Русија која многупати била менувана, конечно била префлена во Москва за подолго време. Подоцна во 1571 година кримските Татари накратко го завзеле градот и го запалиле. Во периодот 1610-1612 година градот бил окупиран и од Полско-Литванската држава. Москва престанала да биде руска престолнина во 1703 година, за сметка на Санкт Петербург, но официјално продолжила да се води како главен град и останала важен центар на руската империја. Во 1812година градот го завзел Наполеон но претходно бил евакуиран и запален од страна на русите што во многу придонело за конечната победа над францускиот Император кој се нашол одсечен и без доволно залихи. Во 1905 година била воведена функцијата градски управител (градоначалник). Првиот градоначалник на Москва бил Александар Адрианов. Москва има 5 аеродроми за цивилен авиосообраќај: Меѓународен аеродром Шереметјево Меѓународен аеродром Домодедово Меѓународен аеродром Внуково Меѓународен аеродром Остафјево Меѓународен аеродром Биково Знаменитости на Москва Московското метро е еден од многуте препознатливи симболи на градот. Метрото е едно од најголемите и секако најубавото во светот. Пуштено е во употреба на 15 мај 1935 година. Денес има 171 станица на 12 линии со вкупна должина од 278,3 км. Дневно превезува просечно 8,8 милиони патници. Во работни денови оваа бројка изнесува и над 10,5 милиони. Заштитен знак му се преубавите станици во центарот на градот,кои повеке наликуваат на уметнички галерии отколку на метро-станици. Метро-2 — Иако официјално не се признава, јавна тајна е дека во Москва постои уште една линија на подземната железница која е под воена управа и се наоѓа на значително поголема длабочина од главниот систем. Ги поврзува Кремљ со Министерството за одбрана, Љубјанка, и други важни објекти. Покрај другото се смета дека е наменето за евакуација на клучниот персонал од градот во случај на нуклеарен напад. Архитектурата на Москва е позната по целиот свет. Најпознати се црквата Свети Василиј со своите добро познати разнобојни куполи, катедралата на Исус Спасителот, Сталиновите облакодери и Московски Кремљ. Во Москава има огромен број на музеи и ги има од сите типови. Едни од најпознатите и најпосетените секако се Третјаковската галерија, Музејот на Пушкин, Политехничкиот музеј... Најпознатата туристичка атракција во градот е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљски дворец и многу други мали манастири. Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот, хотелот Русија, како и седиштето на вселенскиот патријарх – црквата на Исус Спасителот Плоштадот е познат и по воените паради кои се оджувале на него во времето на Советскиот Сојуз особено во времето на Сталин. Инаку, покрај црвен плоштад името на плоштадот „краснаја плошчад“оригинално означува убав плоштад.

Сортирајте ги резултатите по: