| Неи Пори е приморско место, едно од најпопуларните летувалишта во областа Пиериа - Грција. |
| Сместен е под планината Олимп, од нашата граница е оддалечен околу 160 км, а до Катерини е 60 км. |
| Во близина на Неи Пори се наоѓа Платамона, а на јужната страна реката Пиниос. |
| Карактеристично за ова место е широката и долга песочна плажа, кристално чисто море, паркови и игралишта за деца. |
| Низ целото место ќе најдете голем број на кафулиња, таверни, ресторани и плоштади. |
| Сето ова го прави Неи Пори идеално место за да го поминете вашиот семеен одмор. |
| Неи Пори е изграден во 1976 година и граден е по урбанистички план, па затоа улиците се широки, а населението во главно се занимава со туризам. |
| Во местото постојат и објекти како што се црква, основно училиште, културен центар, фудбалски игралишта, амбуланта и голем број на апартмани и хотели. |
| Самото место е специфично бидејќи широки улици, големите плоштади и детски игралишта се лоцирани во близина на плажа. |
| Плажата е многу пространа, широка околу 100 метри и долга околу 6 км. |
| Плажата е песочна, со ситен златно-жолт песок, а ист таков е и во вода низ кој постепено се влегува и се доаѓа до длабочината, каде морето е познато по својата чистота и прозирност. |
| ПЛАЖАТА ВО НЕИ ПОРИ |
| Песоќна, широка и долга околу 6 км... |
| Покриена е со убав песок, организирано со кафулиња, барови и таверни, лежалки и чадори што можат да се изнајмат, но и тивки делови. |
| Морето е чисто, многу плитко, па затоа е идеално за фамилии со деца, но и за спортови на вода и на плажа. |
| Во близина на плажата има вили, хотели, продавници, маркети, ресторани, како и шеталиште идеално за љубителите на долги прошетки. |
| Плажата и местото се многу лесно достапни, се препорачува за љубителите на мирен одмор. |

