Петра - фасцинантна по својата убавина, привлекува милиони посетители, а целиот град е како уметничко дело насликано на платно од природен камен. Откриена е во 1812 година од швајцарскиот истражувач Јохан Буркхарт, Петра сè уште продолжува да не изненадува со своите тајни и убавини! Сместенa е на листата на УНЕСКО но и на листата на седумте светски чуда. Колку и да читате за неa, колку и да е добро и детално опишано, не може да се спореди со чувството и возбуда кога ќе ja ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО! Дали сте подготвени за оваа авантура?
Вади Рум или познат како „Долината на Месечината“,е арапска бајка која чека да биде откриена. Дом на номадските бедуински племиња. Некогаш населен со Набатејци од праисторијата, Вади Рум ви овозможува да се изгубите во големите пејсажи. Спокојството на пустината сигурно ќе ви го смири духот и ќе ви ги ослободи мислите.