TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Поградец

Поградец е едно од најшармантните туристички летувалишта во Албанија поради неговата положба во близина на Охридското Езеро, кое се издвојува по чистата вода. Поради својата уникатна флора и фауна, во 1980 година, Поградец беше прогласен од УНЕСКО за место на светско природно и културно наследство. Градот има прекрасни ресторани, барови, пицерии.... Шетајќи наоколу, можете сами да го откриете Поградец, но ние ке ви дадеме неколку предлози за индивидуални или организирани посети и разгледи: Уметничка галерија Поградец Се наоѓа во центарот на градот. Има дела од познати поградецки сликари. Можете да го посетите од 9.00 - 16.00 часот Уметничка галерија Тасо Можете да го посетите студиото Анастас Костандини восхитувајќи се на неговите слики, а исто така можете да ги купите неговите дела. Музеј на градот Поградец Поградец има богат музеј со антиквитети и антички сведоштва. Работи од 9.00 до 16.00 часот. Поградец има стара православна црква „Света Марија“ сместена во стариот дел на градот и новоизградена црква наречена црква „Воскресение“. Во градот има две џамии, едната во центарот на градот, а другата во стариот дел на Поградец.

Сортирајте ги резултатите по: