TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Поморие

Поморие е град "на 20 км од Бургас" како се пее во истоимената песна. Градот е основан како грчка колонија со името Анхиало на крајот на V в.пр.Хр. Повеќето од нејзините жители биле Тракијци. Денес, половина од градот зборува на грчки јазик.. Од своето основање, па се до почетокот на минатиот век, градот е од најважните црноморски градови. Особено голем процут достигна за време на римската доминација. Тогаш градот станува епископски центар со сопствени монети. Поморие е третиот по големина град на бугарското крајбрежје на Црното Море по Варна и Бургас. Единствени историски и културни споменици денес се тракиската куполна гробница, црквите "Христос и Св.Богородица", манастирот "Св.Георги" (според историјата таму се закопани дел од моштите на Св.Георги, а изворот над нив е со лековита вода) архитектонскиот резерват "Стари помориски куќи". Градот е прекрасно место за семеен туризам. Поради интересната инфраструктура, пријатни и безбедни плажи градот се претворил во омилено место за одмор на семејства со мали деца. Дел од летните настани во градот се "Неделата на морето" и "Јаворови денови".