Порто познат и како Опорто втор по големина град во Португалија по Лисабон,и еден од големите урбани области на Пиринејскиот попуостров. Урбаната област на Порто, која се претега преку административните граници на градот, има население од 1.4 милиони жители (2011) на површина од 389 км2, и е втора најголема урбана област во Португалија.
Метрополитенската област на Порто, пак, вклучува приближно 1.8 милиони жители.
Со местоположба на устието на реката Дуеро на северот на Португалија, Порто е еден од најстарите европски градови, и историскиот центар на градот е прогласен за светско наследство на УНЕСКО од 1996 година. Западниот дел од урбаната област на градот се протега до крајбрежјето на Атлантскиот Океан. Населбата датира од пред многу векови, кога била бастион на Римското Царство. Комбинираното келтско-латинско име, Портус Кале, било наведено како потекло на името „Португалија“, врз основа на транслитерација и усна еволуција од латински јазик. На португалски јазик името на градот се пишува со одреден челн „о Порто“ што значи пристаништето.