PHUKET - Некогаш изолиран и малку населен остров,
Пукет бргу прераснува во модерна и луксузна туристичка дестинација која е денес посетена од огромен број на туристи од целиот свет. Овој тропски рај е вистинско место за љубителите на песочни плажи, чисто и топло море и богат природен диверзитет. Покрај изобилството на убави плажи, море, сонце и плажи, Пукет нуди и други интересни вредности како будистички храмови, живописни локални места, ресторани, забава и многу богат ноќен живот. Климата на островот е тропска со висока температури во текот на целата година и висока влажност во воздухот. Ова незборавно, лесно патување ќе ви донесе многу интересни информации, забава и уживање, кои ќе ви останат во трајни спомени.