TA Turist BitolaTA Turist Bitola
Заборавена лозинка?

Санкт Петербург

Санкт Петербург еден од најголемите градови во Русија основан од страна на царот Петар Велики во 1703 година.Изграден е на мочурливо земјиште, а за време на неговата изградба загинале илјадници луѓе. Кон крајот на 17-ти век, Петар Велики, кој бил заинтересиран за поморските работи, сакал Русија да добие пристаниште со цел да тргува со остатокот од Европа.Тој имал потреба од подобро пристаниште од она кое било главно во земјата во тоа време,Архенгелск кое се наоѓа на Белото Море на крајниот север и било затворено во текот на зимата. Овој град е создаден за да ја отвори Русија за Западот, а во текот на наредните два века тој ја заменил Москва како центар на политичкиот живот во Русија. Низ неговата историја, градот го сменил своето име три пати. За време на Првата светска војна, неговото име е сменето во Петроград. Во советската ера пак, вториот по големина град во СССР го носел името на Ленин - Ленинград. По падот на комунизмот, на градот му е вратено првобитното име, Санкт Петербург, иако неговите жители нагалено го викаат само Петар (Питер). Според бројот на жители Санкт Петербург е втор најголем град во Русија. Според пописот од 2010 година, во градот живееле 4.879.566 жители. Етничкиот состав на населението е: Руси 92.5%, Украинци 1.5%, Белоруси 0.9%, Татари 0.7%, Ерменци 0.5%, Евреи 0.5%,Узбеци 0.4%,Таџици 0.3%,Азери 0.3%,Грузијци 0.2%,Молдавци 0.2%, Финци 0.06%