Струга лежи во рамнината на Струшкото Поле на двата брега на реката Црн Дрим и на северниот брег на Охридското Езеро.
Струга има развиен езерски и културен туризам
Самата манифестација Струшки вечери на поезијата привлекува голем број на домашни и странски туристи за време на летото.
Во летната сезона во Струга и околните места престојуваат илјадници туристи, претежно од Македонија но и голем број на туристи од Албанија, Косово и Грција. Старите стружани за туризмот велат:
Кога ќе пукне туристичката сезона, Струга наеднаш се изменува, небаре низ чаршијата пројурил Св. Ѓорѓија на бел коњ и со копје им ја пуштил застојаната крв, и сè се разживеало